NORSE – Oath of Blood: стратегија сместена во викиншкото доба

Што треба да знаете за играта:

  • Впечалив наратив: Приказната за одмазда и предавство, која е сместена во викиншкото време, е напишана од бестселер авторот Џајлс Кристијан.
  • Тактички битки на потези: Комплексен борбен систем (сличен на XCOM), каде теренот, позиционирањето и синергијата на единиците се клучни за победата.
  • Менаџирање на населба: Развој на сопствено село и управување со ресурси и економија.
  • Аудио-визуелна имерзија: Автентична скандинавска атмосфера со традиционална нордиска музика и одлична гласовна глума.
  • Проблематична техничка состојба: Присуство на софтверски багови и проблеми со оптимизацијата.

NORSE: Oath of Blood точно знае што сака да биде: тактичка игра заснована на потези, односно turn-based. Доколку сте фанови на игри од ваков калибар, тогаш ќе бидете префрлени во суровиот свет на Норвешка за време на добата на викинзите. Зад приказната стои наделеку-познатиот автор Џајлс Кристијан. Авторот се има максимално потрудено да понуди длабока и емотивна приказна за предавство, загуба и одмазда. Вие го следите внимателно Гунар, млад воин кој е принуден да замине во прогонство откако неговиот татко е сурово убиен. Со целосно уништен дом и хаос меѓу народот, ваша ќе биде задачата да го водите Гунар, да ги обедините преживеаните, како и да градите нови сложени сојузништа, подготвувајќи го теренот за вашата одмазда. Ваквиот фокус на личната трагедија во рамките на поширок историски контекст е мајсторски изведен и создава цврста подлога за развој на ликовите додека се давите во имерзивниот свет.

Покрај приказната, дефинитивно е за пофалба и самиот борбен систем кој се заснова на вашите стратешки одлуки и последиците кои произлегуваат од нив. Имено, успехот на бојното поле не зависи само од тоа колку ви се силни воините, туку и од тоа како ги позиционирате и како го користите просторот и предметите околу вас.  Доколку сте фанови на XCOM серијалот, тогаш точно знаете на што мислиме и на какво слично задоволство ќе наидете овде при планирањето на потезите и користењето на теренот. Дури и да не играте премногу вакви игри, не треба преголемо, фрустрирачко мозгање – самите концепти се внимателно осмислени и никогаш не ве преоптоваруваат со непотребно сложени вештини и комбинации. И покрај ова, вештачката интелигенција знае да ве замисли на момент и тоа не на добар начин туку со збунувачки пропусти поврзани со генералниот предизвик и благото казнување за направените грешки.

NORSE: Oath of Blood е многу повеќе од крвави судири. Големо внимание се посветува и на управувањето со населбата и ресурсите кои ги собирате, концепт кој наликува на механики видени во Expeditions. почетоците ги започнувате во скромен логор кој, со текот на времето, го трансформирате во моќна тврдина. За да успеете во ова, потребно е паметно да ги распределувате секојдневните улоги меѓу селаните, занаетчиите и земјоделците. Паралелно со ова, ќе навлегувате во истражувањето на непознатите предели каде се кријат материјали, но и можности за тргувањето со сојузниците. Најголем проблек кај игри со вакви механики е збунувачки, неинтуитивен интерфејс, но NORSE: Oath of Blood пријатно ќе ве изненади со јасни менија, икони и прецизните показатели благодарение на кои се овозможува лесно скокање помеѓу економските и тактичките аспекти.

За пофалба е и целата визуелната презентација која, во комбинација со автентичните тонови и соодветни мелодии, прекрасно ја доловуваат мистичната атмосфера на скандинавскиот пејзаж. Она што не е за пофалба е моменталната техничка состојба на насловот. NORSE: Oath of Blood страда од сериозни проблеми со перформансите, невообичаено висока потрошувачка на VRAM што, како резултат, често доведува до исклучување на играта. Студиото работи на поправање на овие пропусти и веќе исфрли итни закрпи, но потребно е дополнителна работа за правилна оптимизација.

Нема никакво сомневање дека NORSE: Oath of Blood е амбициозен проект кој ќе ви се допадне доколку барате впечатлива приказна и комплексни тактички предизвици, но потребна е одредена толеранција за да се излезе на крај со она што се надеваме дека се привремени технички несовршености. Со неколку садржајни ажурирања, насловот има огромен потенцијал да прерасне во едно од повпечатливите искуства во својот жанр и да се истакне како прекрасна turn-based игра која гордо стои раме-до-раме со титаните како Xcom и Expeditions.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments