Капибари или водни прасиња се глодари кои се симпатични онолку колку што се големи. А, многу се големи. Доколку од некоја причина отсекогаш сте сакале да играте како нив во акционa roguelite игра, тогаш би можеле да ја проверите најновата играта на Studio Bravarda, студиото кое претходно успеја да привлече внимание со авантурата Sky Caravan.
Еxtremely Powerful Capybaras е слична игра на Vampire Survivors, но со посиромашни содржини и поедноставна изведба.
Сами или со пријатели, играта ја започнувате така што одбирате една од неколку уникатни класи. Меѓутоа, класите се разликуваат една од друга само во поглед на изгледот и основниот напад; сите активни и пасивни способности и моќи што ги отклучувате се појавуваат при секој ран, независно од избраната класа.



Штом навлезете во мапата, вашата задача ќе биде внимателно да се приближувате на непријателите за да се активираат автоматските напади, да собирате валути, да отклучувате или подобрувате способности и моќи и да се потрудите да издржите што е можно подолго.
Факт е дека ќе најдете забава во чедото на Studio Bravarda, но новитетите не трајат долго време и ентузијазмот одстапува место на здодевност. Активните и пасивните способности или се премногу малку или пак не се многу корисни (се сведуваат на статистичко зголемување на нападите).
Згора на ова, бројни гејмери се незадоволни при мултиплеер играњето, бидејќи ако еден играч избере една способност, другиот не може да ја избере истата, туку мора да оди со некоја од преостанатите.
На располагање имате само три мапи и ограничен број од непријатели. За брзо време, би можеле да сфатите дека на играта требало да се работи подолго време и да се прошири со дополнителни елементи и механики.




Со оглед на тоа дека играта излезе неодамна, можно е студиото допрва да воведe уште содржини. Вака како е, Extremely Powerful Capybaras е шаренолика и интересна алтернатива на VS, но за краткотрајна забава.
Повеќе детали за играта
- Произведува: Studio Bravarda
- Издава: PM Studios, Inc., Logoi Games
- Жанр: Roguelite, Bullet Hell, Action
- Платформа: Microsoft Windows
- Излезена на: 5 декември 2023







