Не е никаква тајна дека ако нешто сака Sony тоа е наслови кои единствено можат да се играат на нивната конзола. Во последно време, меѓутоа, Sony се чини како да има поделено мислење за оваа проблематика и одредени наслови ги овозможува и за PC гејмерите.
Ова се дванаесет игри кои првенствено биле директно осмислени од PlayStation Studios тимови или од независни студија, специјално за PlayStation. Денеска, можат да бидат играни и на PC!
Horizon Zero Dawn / Guerrilla Games / 7 август 2020
Beyond: Two Souls/ Quantic Dream / 18 јуни 2020
Death Stranding / Kojima Productions / 14 јули 2020
Detroit: Become Human / Quantic Dream / 18 јуни 2020
Everybody’s Gone to the Rapture / The Chinese Room / 14 април 2016
Flower / thatgamecompany / 14 февруари 2019
Heavy Rain / Quantic Dream / 18 јуни 2020
Helldivers / Arrowhead / 7 декември 2015
Journey / thatgamecompany / 11 јуни 2020
Nioh / Team Ninja / 7 ноември 2017
Nioh 2 / Team Ninja / 5 февруари 2021
The Unfinished Swan / Giant Sparrow / 10 сепрември 2020
Во меѓувреме, Days Gone се подготвува да излезе на пролет!
Интересно е како поголемиот дел од највпечатливите игрите се излезени за PC во 2020 година, нели? Што би вие играле, што би сакале конечно да излезе и за PC? Кажете нѝ во коментарите или на социјалните мрежи!
[…] Инаку, играта веќе некое време како е достапна за PC, таа и уште 11 други игри кои првично излегоа како PS ексклузиви. […]
[…] недела, пишувавме за 12 PlayStation игри кои повеќе не се ексклузиви и можат да се играат и на PC. […]