Интервју со Стефан Николиќ за 3dnagorichane.mk: Не сме свесни дека малите апликации значат навистина многу

во ИТ.МК

Понекогаш најдобрите програмерски соработки се случуваат таму каде што не ги очекуваме. Стефан Николиќ е веб девелопер и коосновач на KumanovoNews.mk, каде го започнал патот низ програмирањето, а денес гради софтверски решенија користејќи low-code, no-code и AI алатки.

Слично како и Димитар Бежановски чии проект ги откри закопаните линии на Македонскиот фронт, проектот на Стефан „нурнува“ под земјата. Кога Музеј Куманово изразил желба за модерна, 3D презентација на артефактите откриени во регионот, Стефан не се двоумел, иако тоа значело целосно нов технички предизвик.

„Самиот факт што правиме модерна презентација на најдените артефакти беше доволен да се вклучам во овој проект,“ вели тој.

Иако првично немал искуство со 3D приказ, имал самодоверба дека може да се изгради решение кое ќе ги задоволи потребите на археолозите. Токму од тука започнува проектот 3dnagorichane. Во продолжение, Стефан ни открива како Next.js, Neon и малку „AI магија“ помогнаа локалната историја да стане достапна на секој екран.

Како дојде до соработката со музејот?

Идејата за дигитална презентација на артефактите е проект на Музеј Куманово. Археолозите знаат за 3D приказ на артефактите, ми покажаа примери од регионот и ме консултираа дали можеме да го направиме ваков проект. Конкретно немав искуство со приказ на 3D, но бев сигурен дека можеме да направиме некое решение кое ќе ги задоволи нивните потреби.

Стефан Николиќ

Велиш дека Next.js и Neon ти биле новини. Што ти беше најголемиот „Аха!“ момент додека ја поставуваше инфраструктурата?

Кога се зборува за нов проект, во мојата потствест секогаш првото решение е Laravel. Меѓутоа овој пат решив да експериментирам со Next.js бидејќи сум немал можност да стартувам проект, и едно субјективното чувство без никакви докази дека AI повеќе ќе ми помогне со 3D и UI/UX дизајн, доколку основата е JS одколку PHP. „Аха!“ моментот ми беше лесната интеграција на релација Next.js – Vercel и Neon што ја квари некогашната пракса дека најбрзо и најсигурно е се да е на еден сервер кој брчи во собата до тебе. 

Спомена дека AI ти помогнал во процесот на учење. На кој начин конкретно користеше вештачка интелигенција, за дебагирање, можеби за оптимизација на 3D приказот…?

АИ го промптав околу дизајнот, истражував кои библиотеки можат да се користат за рендерирање, дали можеме да го финишираме проектот како Next.js. Работев за Белгиски клиенти кои стрикно бараа продуктот да е изграден со AI. Несвесно се претворивме во „вајб кодери“ а искуството стекнато од тие проекти го пренесов тука.

Зошто го избра Neon (Serverless Postgres) за овој проект? Дали имаше некоја специфична потреба кај податоците на артефактите?

Neon го одбрав бидејќи се наметнува како алтернатива за Supabase, а со Supabase веќе имам одредено искуство. Сакав да ги споредам за да имам некоја претстава во идни проекти дали би можел да го користам. Конкретно специфична потреба за оваа апликација немаше. 

Кога првпат ги виде 3D моделите на артефактите, која беше првата мисла што ти помина низ глава?

Првата реакција беше дека ова навистина ќе биде кул, интересно и репрезентативно. 

Програмерите се фокусираат на кодот, но во LinkedIn објавата истакна работата на археолозите. Како е чувството да се биде „дигитален мост“ помеѓу антиката и денешницата?

Навистина го мислам тоа. Сајтот како сајт може да биде било каков, меѓутоа 3D моделот е тој што го прави интересен и интерактивен. Без 3D модел би бил уште една галерија на Instagram. Ваквите продукти всушност ја афирмираат нивната работа и сум среќен што оваа група во Куманово е прогресивна и дигитално освестена, а воедно и што јас сум тој со кого ги споделуваат своите ИТ идеи. 

Прикажувањето на 3D модели на може да биде тешко за перформансите, ама не се чувствува на 3dnagorichane. Беше ли тешко да се задржи тој „WOW“ ефект без да се забави корисничкото искуство?

Секој проект си носи свои искуства и предизвици, па така и овој. Ќе бидам искрен, страната изгледаше одлично на PC, и кога ја отворив на мобилен телефон се случи првиот crash. За среќа моделите немаат преголема тежина, но кога сите ќе се вчитаат од еднаш, не секој уред може да ги изхендла. Разговарав со археолозите, имавме неколку идеји но решивме администрацискиот дел од сајтот генерира галерија која се прикажува со ефекти додека се вчитаат моделите. 

Која е твојата најголема поука од овој проект?

Веројатно сите програмери сонуваат презентација на продукт како големите технолошки гиганти. Воопшто не сме свесни дека малите апликации некому навистина многу значат. 

Ако треба да опишеш еден од артефактите на некој што не го познава тој крај, кој би го избрал за да го убедиш да ја посети страната?

Иако доминира со скифоси (тенок керамички сад), Јонскиот капител (глава од столб) е нешто најспецифично што може да се види на овој сајт.

Имаш ли идни планови за овој проект? Можеби креирање на слични сајтови за други наоѓалишта?

Локалитетот Градиште се ископува веќе неколку години, a сега имаат платформа на која ќе ги презентираат резултатите од ископувањата. Неодамна дознав дека сајтот треба да добие уште артефакти, така да се надевам дека следуваат уште поинтересни предмети. 

Откако го заврши овој проект, кој е следниот предизвик?

Веќе зборувавме дека може да се направи нешто слично за Кокино, зборувавме на тема AR (augmented reality), дигитални рути и други решенија кои можат да се реализираат. Јас сум на располагање, секогаш отворен за нови проекти и предизвици.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Dragan
Dragan
4 months ago

Згрешено во наслов, и во линк во текст.
Точна адреса е https://www.3dnagorichane.com/

Last edited 4 months ago by Dragan