Финска сомничи руски бродови за оштетен кабел во Балтичкото море

во Вести

Финската полиција истражува дали неодамнешното кинење на кабел помеѓу Финска и Естонија е дело на руски брод. Она што е поинтригантно во оваа приказна, е дека во последните месеци има повеќе слични примери. За сите има повеќе шпекулации отколку цврсти докази. Сепак, сигурно е дека ова е трет пат да има оштетување на подводни кабли во кус период. Овој пат, оштетувањето е направено на енергетски кабел.

Во средата беше оштетен кабелот Estlink 2 помеѓу Естонија и Финска. Главен осомничен е рускиот танкер „Eagle 2“. Постои сомневање дека танкерот регистриран на Куковите острови е дел од руската флота во сенка која транспортира нафтени деривати кои се под санкции. Бродот под придружба плови до пристаниште во Финска.

Estlink 2 има капацитет од 650MW. Кабелот е долг 170 километри, а најголем дел, дури 145 километри се под морето, пренесе BBC. Неговото оштетување не доведе до прекин со снабдувањето на електрична енергија.

„Најстрого осудуваме секакво намерно оштетување на критична европска инфраструктура.“, се вели во заедничката изјава на Европската комисија и шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас.

Ова е најново оштетен кабел, но не е прв, а за жал веројатно нема да биде ниту последен. Во ноември во два инциденти беа оштетени интернет кабли кои ги спојуваат скандинавските држави со остатокот на Европа.

Случајно оштетување или саботажа на подводните интернет кабли во Балтичкото море

Два подводни интернет кабли што ги поврзуваат Финска и Шведска со остатокот од Европа беа оштетени во рок од 24 часа во ноември. Поради тоа што оштетувањата на подводните кабли не се случуваат често, настаните предизвикаа сомнежи за саботажа. Каблите, клучни за комуникациската инфраструктура на регионот, беа пресечени во Балтичкото Море.

Финската телекомуникациска компанија Cinia тогаш потврди дека направената штета влијае на поврзаноста во Централна Европа и нордиските земји. Шведската компанија Arelion пријави оштетување на кабелот кој ги поврзува островот Готланд и Швентожи, Литванија. Поправките започнаа веднаш, но властите објавија дека може да бидат потребни недели за целосно обновување.

За среќа, оштетувањето на каблите предизвика ограничен прекин и штета. Telia Lithuania, компанијата која управува со кабелот помеѓу Литванија и Шведска, објави дека на овој кабел отпаѓа една третина од интернет капацитетите на државата. Сепак, сообраќајот беше во нормала по само неколку дена. Компанијата најави дека кабелот ќе се поправа во иднина. Слична е и ситуацијата со кабелот помеѓу Финска и Германија. Кабелот и натаму е оштетен, но засега нема прекин во сообраќајот.

Саботажа или несреќни случаи

Експертите забележуваат дека истовременото оштетување на два кабли, оддалечени само 65 милји, е невообичаено. Германскиот министер за одбрана, Борис Писториус, тогаш изјави:

„Никој не верува дека овие кабли се случајно оштетени. Мора да знаеме, и без да знаеме од каде нападот доаѓа, дека ова е хибридна акција. Mора да претпоставиме, без да знаеме од каде доаѓа, дека станува збор за саботажа“.

Финските и германските министри за надворешни работи издадоа заедничко соопштение, нагласувајќи ја сериозноста на инцидентите. „Европската безбедност е загрозена не само од руската агресија во Украина, туку и од злонамерни хибридни акции насочени кон нашата критична инфраструктура,“ стои во соопштението.

„Да имав паричка секој пат кога кинески брод ја влече котвата на дното на Балтичкото море во близина на важни кабли досега ќе имав две парички. Ова не е многу, но чудно е што се случува два пати.“, вели литванскиот министер за надворешни работи Габриелиус Лансбергис.

Сомнителен брод под лупа

На почетокот, главен осомничен за оштетувањето на кабелот беше Русија. Сепак набрзо фокусот се префрли на кинескиот товарен брод Yi Peng 3. Според податоците од поморското следење бродот бил во областа за време на оштетувањето на каблите. Yi Peng 3 во овој период беше закотвен во дански води, а данската морнарица го разгледуваше случајот, пренесе CBS News.

Иако сопствениците на бродот негираат вмешаност, неговата близина до инцидентите предизвика сомнежи. Националната полиција на Шведска потврди дека истрагата за саботажа е во тек и дека е заинтересирана за бродови забележани на местата на инцидентите.

The Official CTBTO Photostream / Flickr / CC BY 2.0

Инциденти под балтичкото море

Ова не е прв случај на сомнеж за саботажа во Балтичкиот регион. Во 2022 година, гасоводите „Nord Stream“ беа сериозно оштетени. Многумина веруваат дека стануваше збор за намерни напади. Во поново време, НАТО предупреди за руски планови за нарушување на подводните кабли како дел од стратегијата против западните сојузи.

Иако прекините на интернетот беа ограничени благодарение на алтернативни рути, инцидентите ја потенцираат ранливоста на комуникациските мрежи во Европа и итноста за нивно обезбедување. Со ескалацијата на тензиите со Русија и Кина, заштитата на подводната инфраструктура е приоритет за западните нации.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk