2 инди игри кои ќе излезат во 2025: турската Ertugrul of Ulukayin и канадската The Last Citadel

Avatar img-thumbnail img-circle

во гејминг

Со оглед на тоа дека сме на прагот на 2025-та година, овојпат решивме да го насочиме погледот кон две интересни инди игри кои ќе излезат во 2025-та година. Турската игра Ertugrul of Ulukayin ќе ви ве префрли во суровото средновековно доба, а канадската The Last Citadel ќе ве вовлече во научно-фантастичен roguelite.

Ertugrul of Ulukayin

Турска серија игра

Ertugrul of Ulukayin е акциона авантура која првично ќе излезе во раниот пристап на Steam, напочетокот на 2025-та година. Се работи за игра во која фокусот е на истражување, прикрадување и директни соочување со бројните непријатели, се со цел да ги одбраните невините и да ставите крај на тајниот одред.

Иако нема да истражувате целосно отворен свет, се очекува местата да се доволно големи за да овозможат пријатно искуство. Секој од трите игриви ликови се одликува со уникатните оружја и стилови на играње. Наспроти првичниот впечаток, Ertugrul of Ulukayin не се потпира на реализам. На моменти, ќе ви дозволува да навлезете во соништа кои се полни со турска митологија, дозволувајќи ви да се соочувате и со легендарни чудовишта.

Се очекува играта да е во раниот пристап година дена. Првично, авторите ќе понудат двочасовна кампања која, подоцна, ќе се проширува се додека не достигне 15 часовно времетраење.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Tekden Studio
  • ИздаваTekden Studio
  • Жанр: акција, авантура
  • Платформа: Microsoft Windows

The Last Citadel

Пукачка игра во трето лице со roguelite механики

Канадското студио Honest Demon некако не успева да генерира доволно внимание и интерес за нивниот roguelite шутер. Се работи за интересно осмислен универзум каде вие и вашите пријатели имаат за задача да започнат експедиција и да откријат артефакти во мистериозна цитадела која се наоѓа над црна дупка. Секоја експедиција ќе се разликува во поглед на предизвиците и непријателите, нудејќи ви уникатно искуство при секое преигрување.

Ликовите со кои играте специјализираат во различни улоги како DPL, Healer или Tank. Секој од билдовите кои ги создавате ќе може да користи 4 способности, извлечени од арсенал од 45 способности. Паралелно со ова ќе можете да користите и надградувате најразлични оружја кои дополнително се менуваат преку одредени модификатори.

Доколку станавте заинтригирани од прочитаното, The Last Citadel веќе се одликува со демо кое солидно ќе ви покаже дали е ова игра за вас или не. Имајте во предвид дека играта е замислена за да најдобро функционира кога се игра во група.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Honest Demon
  • ИздаваHonest Demon
  • Жанр: акција
  • Платформа: Microsoft Windows

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments