23 коментари 7 мин. читање 10 октомври, 2023

Paket.mk доби 300.000 евра инвестиција од бугарскиот Eleven Ventures [интервју]

Најпопуларниот македонски онлајн супермаркет, Paket.mk, основан во 2018-та од страна на Драган Јосифовски, доби 300.000 евра инвестиција од бугарскиот Eleven Ventures – кои досега имаат инвестирано во повеќе македонски стартапи како Native Teams и FinqUp.

Инспирацијата за Paket.mk доаѓа во 2016-та кога Драган ги завршува своите магистерски студии на Imperial College во Лондон, каде што и се запознава со концептот на онлајн супермаркети преку локалните ланци на маркети Tesco, Ocado и Sainsbury’s. По враќањето во Македонија, преку партнерство со локален супермаркет го отпочнува онлајн супермаркетот Paket.mk и со тоа се приклучува на глобалната индустрија на онлајн пазарење на намирници која во 2021-ва е проценета дека вреди над 285 милијарди долари.

За време на пандемијата, кога целата локална е-трговија доживува невиден раст, Paket.mk ги прави вистинските чекори и ја искористува можноста за добивање на нови корисници. Пристапот на Paket.mk за онлајн купување се базира во користењето на напредна технологија и нејзина имплементација при редовните бизнис процеси. Оваа стратегија им донесе забележителен раст од 400% за време на периодот на Ковид. Пред две години, во 2021-ва, на Paket.mk преку откупување на удел како ко-основач се приклучува и Душко Јордановски кој значително помага за унапредување на ИТ инфраструктурата која Paket.mk денес ја користи. Интересен податок, особено за локалната стартап сцена, e дека Драган и Душко се запознаваат само една година пред тоа, во 2020-та на конференцијата Pitch.Match.Grow во организација на PwC.

Што значи оваа инвестиција на Eleven VC во Paket.mk, дискутираме со Драган во продолжение.

Paket.mk отпочна во 2018, а во тогашното интервју ни најави дека “македонските купувачи се спремни за онлајн купување” и дека “слабата понуда е главната причина за неразвиеноста на овој сегмент”. Како гледаш на оваа изјава 5 години подоцна?

“Сè уште мислам така, но во моментов клучот за успех е на другата страна. Денес, сегметот на потрошувачи кој едвај чекаше да започне да купува онлајн е тука, но за вистински раст и постигнување на значителен пазарен удел потребно е да се менуваат навиките на останатите сегменти на потрошувачи. Така, во моментов сметам дека за постигнување на успех потребно е да се работи на менување на потрошувачките навики – секако после градење на добриот продукт.”

Во првите шест месеци имавте 1.000 нарачки и 500 клиенти. Како се движат бројките сега?

“Сега бројките се многу поголеми. Но, сепак, Македонија заостанува во однос на регионот и постои сериозен потенцијал за раст и постигнување на многу поголеми бројки во оваа индустрија. Замислете само дека во Британија околу 16% од продажбата на намирници се случува онлајн и пресликајте го оваа во Македонија. Потенцијалот е огромен, а тие бројки ќе се случат и кај нас. Малку подоцна, но ќе се случат како и сè друго.”

Кои се најпродаваните сегменти и категории за кои македонските онлајн купувачи се заинтересирани?

“Се продава исклучително многу свежо. Тоа е свежо месо, свежо овошје и зеленчук, свежо испечен леб, деликатеси и слично. Во однос на другите категории не постои некоја изразена разлика во однос на традиционалната малопродажба. Би рекол дека онлајн купувачите се посвесни за здравите навики и преферираат органски, свежи и пософистицирани производи. Како потрошувачи-иноватори тоа и се очекува од нив.”

Кои се најголемите предизвици со кои се соочуваше Paket.mk низ годините?

Постигнување на добар асортиман, балансирање на миксот од малопродажба и маркетплејс, како и пристапот до добар инвестициски капитал.

300.000 евра инвестиција од Eleven Ventures. Што е целта на оваа инвестиција? На што ќе ги потрошите парите?

“Да, неодамна успешно обезбедивме инвестиција од 300.000 евра од Eleven Ventures, еден од водечките инвестициски фондови во Југоисточна Европа. Целта на оваа инвестиција е да ја поддржи нашата стратегија за иновации и експанзија, особено низ Балканот. Средствата примарно ќе бидат искористени за засилување на нашата платформа, дополнителни подобрувања на корисничкото искуство и задоволување на потребите на и на најпребирливите потрошувачи. Исто така, фокусот ќе биде на воспоставување партнерства со нови добавувачи, обезбедувајќи понуда која ги надминува очекувањата поставени од големите синџири на супермаркети. Нашата амбиција е да го трансформираме Paket.mk во единствена дестинација за неделно пазарување, каде што квалитетот, разновидноста и практичноста се на прво место.”

Од Eleven велат дека инвестицијата е стратешка инвестиција и ја разгорува амбицијата на Paket.mk за проширување на Балканот. Дали имате зацртани цели со кои пазари би отпочнале или уште сте во фаза на планирање?

“Имаме дефинирано потесна селекција, но сè уште е рано да го соопштиме првиот град од регионов во кој би се прошириле. Можам само да кажам дека следната дестинација ќе биде голема метропола.”

Инвестициите не се непозната работа за Paket.mk. Почнавте со ангел инвестиции, подоцна имавте вклучување и на партнер во бизнисиот. Какво е севкупното искуство за инвестции и партнерството и кои совети би ги споделил со оние кои се заинтересирани да го прошират својот стартап со инвсетиции или партнер/ко-основач?

“Јас имам навистина добро искуство со содружниците во Paket. За успешен стартап потребни се инвестиции. Но, уште повеќе, потребни се и енергијата, искуството, истрајноста и желбата за раст на сите партнери кои стануваат дел од приказната. Затоа би рекол, внимателно бирајте ги вашите партнери.”

Пред неколку месеци, покрај Скопје, се проширивте и во Куманово. Каков е фидбекот од тој чекор?

“Во Македонија, освен Скопје, не постојат големи урбани центри. Затоа потребно е да се создаваат метро-региони кои гравитираат околу поголемите градови. Куманово, како дел од метро регионот на Скопје има потенцијал за нас, но, како и во Скопје, потребно е да се работи на промена на потрошувачките навики.”

Кога би можел да промениш една работа во менталитетот на просечниот македонски онлајн купувач, што би било тоа?

“Вреднување на сопственото време. Просечниот македонскиот потрошувач сè уште не го гледа сопственото време како опортунитетен трошок.”

Уште не пазарите онлајн? Трк на paket.mk

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Што се дискутира на ИТ форум...Kоментари на статија (0)

Loading new replies...

И сеа вака кога имвестира некој, што бара за возврат? Процент од продажби или на поинаков начин функционира сето тоа?
Озбилно прашувам не сум запознаен.

одговори 3 лајкови

Не е пакет.мк тоа што беше, највисоки цени па превоз 120 ден па доплата за термин абе да ти се смачи од плаќање. А marketonline.mk i ramstoredodoma.com.mk ти ја носат нарачката пред време.

одговори 2 лајкови

И сеа вака кога имвестира некој, што бара за возврат? Процент од продажби или на поинаков начин функционира сето тоа?
Озбилно прашувам не сум запознаен.

во стартап најчесто % од компанијата (со тоа и % од профит во иднина), ама не е дека неможе на друг начин да се реши, ко што кажа и ти % од секоја продажба (ала ројалти) и сл.

одговори 2 лајкови

Стартап е уште "ин", не е веќе инкубатор?

Подпрашање: На процент работи пералната во Хотел Промаја?

одговори Лајк

Напопуларниот онлајн супермаркет.... прв пат слушам за пакет.мк

одговори 5 лајкови

Еј, а оти не се фалите бе дека сте ја прошириле куперацијата:

Шо се срамите, кажете, ќе дојме на сечење лента :)

П.С.
Асортиманот од Нексио е целосно тука, или за некои производи треба да се провери на нивниот вебсајт
(да, легендарната веб-локација од старите митови и приказни:)
@Fatal1ty_ ?

одговори Лајк

види цела содржина...

Еј, а оти не се фалите бе дека сте ја прошириле куперацијата:

Шо се срамите, кажете, ќе дојме на сечење лента :)

П.С.
Асортиманот од Нексио е целосно тука, или за некои производи треба да се провери на нивниот вебсајт
(да, легендарната веб-локација од старите митови и приказни:)
@Fatal1ty_ ?

ОТ ти е мислењето. Инаку ке следи официјален апдејт во четврток на темава, сѐ уште се тестираат некои работи. Слободно нарачај, помогни ни во тестирањето. :)

одговори 1 реакција

види цела содржина...

Напопуларниот онлајн супермаркет.... прв пат слушам за пакет.мк

Убаво пишува дека е во тој сегмент, Paket.mk e најпопуларен онлајн супермаркет. Од 3-4 што ги има реално на пазаров Paket.mk има најголем удел.

одговори 1 реакција

ОТ ти е мислењето. Инаку ке следи официјален апдејт во четврток на темава, сѐ уште се тестираат некои работи. Слободно нарачај, помогни ни во тестирањето. :)

Убаво пишува дека е во тој сегмент, Paket.mk e најпопуларен онлајн супермаркет. Од 3-4 што ги има реално на пазаров Paket.mk има најголем удел.

Зошто не ти се автоматски споени мислењата? Магија некоја?

Да не бидам ОТ како извесни петковци и трајковци, честитки за пакет мк.

одговори 3 лајкови

Зошто не ти се автоматски споени мислењата? Магија некоја?

Да не бидам ОТ како извесни петковци и трајковци, честитки за пакет мк.

Ај да не бидам ОТ, со ДРОН планираат ли да испорачуваат пакети?

Испратено од телефоно

одговори 5 лајкови

ОТ ти е мислењето. Инаку ке следи официјален апдејт во четврток на темава, сѐ уште се тестираат некои работи. Слободно нарачај, помогни ни во тестирањето. :)

Ај ќе размислам.
Ако има дрон :)

Испратено од телефоно

одговори 1 реакција

Ај да не бидам ОТ, со ДРОН планираат ли да испорачуваат пакети?

Ај ќе размислам.
Ако има дрон :)

Пофторно неспоени мислења! Туку баш ме интересира ова како ке иде, да нарачаш дрон, дали ке ти го донесат со друг дрон или дронот ке се самоиспорача?

одговори 5 лајкови

Има во првата недела да им фалат 20 дрона.
Ќе се учат деца со чатал... против воздушна одбрана де. :D

одговори 2 лајкови

А ако порачаш јајца, по карго ги праќаат по други градови?

одговори 1 реакција

Пофторно неспоени мислења! Туку баш ме интересира ова како ке иде, да нарачаш дрон, дали ке ти го донесат со друг дрон или дронот ке се самоиспорача?

Ус помоќу црних трикова и маѓије!
:)

Испратено од телефоно

одговори Лајк

Добивај известувања
Извести ме за
guest
23 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top