Hive Scum е најновиот додатокот за Warhammer 40,000: Darktide

во гејминг

Најновиот додаток во Warhammer 40,000: Darktide ја воведува класата Hive Scum, но начинот на кој е осмислена и имплементирана класата е значително поразличен, представувајќи значајно отстапување од досегашните дисциплинирани архетипови. Самите ликови потекнуваат од криминалното подземје на Терциум и се одликуваат со борбен стил кој е далеку похаотичен и побрз. Ако заиграте со Hive Scum тогаш започнувате опасен и непредвидлив танц каде основната филозофија е преживување по секоја цена, односно користење валкани трикови и импровизирано оружје. Hive Scum функционира како стаклен топ – способен да нанесе, но и да прими огромна штета.

Првото нешто што ќе забележите доколку заиграте со класата е двојното ракување со оружја, нешто што досега се нема вистински реализирано во светот на Darktide. Па така, сега без проблем можете да комбинирате два пиштоли за брзо елиминирање на непријателите од далечина или пак да користат два ножа за смртоносна блиска борба. Самата механика овозможува флуиден премин помеѓу пукање и сечење, особено кога се користи во комбинација со постојано движење лево-десно. За поголема разноликост, арсеналот е дополнет со брутални алатки како канџи, пили и лостови. Овие деструктивни алатки можеби изгледаат примитивно, но се исклучително ефективни за брзо елиминирање на поединечни цели, особено кога препознатливиот Darktide хаос ќе експлодира.

Покрај горе-споменатите работи, класата носи и систем за хемиски додатоци и експлозиви. Доколку сакате да конфигурирате и да извлечете специфични бонуси во борба имате на располагање и приспособлив стим, токсични премази за оружјето и хемиски бомби. Дрвото на таленти нуди разновидност, но дискутабилна ефикасност, барајќи од вас внимателно да го поплочувате патот кон специјализирација како хибриден борец, експерт за експлозиви, или пак како брз убиец.

Визуелната презентација е збогатена со нови опции за тетоважи на целото тело, груби фризури и бои за лице, давајќи им на ликовите уникатен и заплашувачки изглед. На располагање имате три нови гласовни карактери и шест различни гласовни сетови, со посебни дијалози кои се трудат да ја доловуват нивната криминална позадина и непочитување на авторитетите. Изненадувајќи и огрин класата е гласовно ажурирана. Ваквата посвета додава нова димензија во меѓусебните интеракции помеѓу ликовите за време на мисиите, доколку, се разбира, имате некаков интерес во лорот, а не само во експлозивната акција.

Заедно со новата класа, надополнувањето воведува и нова мисија, која се вика No Man’s Land, како и настан Atonement, нешто што ќе ви помогне подобро да ги тестирате новите способности. Кога ќе се земат сите работи во предвид, Hive Scum би можело да се истакне како интересна, но предизвикувачка класа која се препорачува на сите оние кои претпочитаат агресивен стил на игра со висок ризик и висока награда. Класата знае како да понуди освежувачка промена на темпото, особено со способноста да се комбинираат токсини, експлозиви и брзи напади. Но, нема да лажеме, се бара вештина, добри рефлекси и поразличен мајнсет доколку сакате да се искористи полниот потенцијал на Hive Scum.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk