Heartworm: Модерна еволуција на класичниот хорор

Heartworm e наслов кој ветува длабоко психолошко, носејќи со себе носталгија за златната ера на survival horror жанрот. Развиена од Винсент Адинолфи, а објавена под закрилата на DreadXP, играта остава впечатоци на внимателно изработено љубовно писмо до легендарните наслови како Silent Hill и Resident Evil.

Приказна за загубата и натприродното

Во центарот на приказната е Сем, млада жена која се бори да ја прифати смртта на својот сакан дедо. Нејзината тага ја води низ мрачните катчиња на интернетот, каде што наидува на мистериозен форум кој ветува можност за повторно обединување со починатите. Следејќи ги трагите, таа пристигнува во напуштена куќа во планините, за која се верува дека е портал кон другата страна. Она што започнува како очаен обид да најде утеха, брзо се претвора во застрашувачка борба за опстанок додека Сем навлегува подлабоко во свет каде што сеќавањата и реалноста се испреплетуваат на вознемирувачки начин.

Спој на старото и новото

Heartworm вешто ги комбинира елементите што го дефинираа жанрот со модерни гејмплеј иновации. Една од највпечатливите карактеристики е уникатниот систем на камери. Играта користи фиксни агли на камерата, слично на класичните Resident Evil наслови, што создава чувство на клаустрофобија и неизвесност. Меѓутоа, во моментите на акција, перспективата се менува во поглед преку рамо, овозможувајќи модерно и пофлуидно нишанење.

Борбата е намерно ограничена и напната. Наместо арсенал од оружје, главното средство за одбрана на Сем е нејзиниот фотоапарат. Оваа механика ве принудува стратешки да размислувате кога да се соочите со опасностите, а кога е попаметно да побегнете, со оглед на тоа што ресурсите се ограничени. Фокусот е ставен на истражувањето и решавањето на класични загатки кои ќе ја предизвикаат вашата интелигенција, враќајќи го чувството на задоволство од решавањето на комплексните проблеми од минатото. За вистинските носталгичари, играта ги нуди и препознатливите, таканаречени тенк контроли (ако сте ги играле првите Tomb Raider игри, знаете точно на каков начин на движење мислиме).

Визуелно, Heartworm е вистински бисер за љубителите на ретро естетиката. Со опционален филтер за пикселизација и други ефекти кои потсетуваат на првата генерација на 3D конзоли, играта успешно ја доловува атмосферата од доцните 90-ти. Околините, кои имаат чувство на претходно рендерирани сцени, во комбинација со динамичната камера, пружаат уште еден уникатен визуелен идентитет.

Звучната подлога е клучен елемент во градењето на атмосферата. Оригиналната музика е морничава и евокативна, совршено надополнувајќи ги напнатите моменти на истражување и застрашувачките средби.

Со повеќе можни завршетоци, Heartworm нуди компактно, но впечатливо искуство. Иако не е премногу долга и може да се заврши за едно попладне, чедото на Винсент е доказ дека класичните формули можат да бидат релевантни и денес. Имено, насловот не се потпира само на носталгија, туку ја користи како основа за да изгради нешто ново и возбудливо. Без разлика дали сте ветеран на survival horror жанрот или нов играч, Heartworm е незаборавно патување низ тагата, сеќавањата и, секако, стравот.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments