Како помина второто издание на iOSKonf

Во првата половина од мај се одржа втората издание на iOSKonf, единствената конференција на Балканот посветена исклучиво на iOS инженери и ентузијасти за Apple екосистемот.

iOSKonf25 се случуваше од 13 до 15 мај во Скопје, и започна со целодневна работилница водена од Daniel Steinberg, на тема Introduction to App Intents. App Intents е начин преку кој iOS апликациите комуницираат со оперативниот систем и можат да активираат функционалности на уредот директно од Siri, Spotlight или Shortcuts. Со најавата на Apple Intelligence, оваа тема стана уште по-релевантна за иднината на iOS девелопментот.

Конференцијата собра над 150 учесници од повеќе од 30 држави. Најмногу посетители беа од Балканот и Европа, но имаше и присутни од САД, Канада, Сингапур, Филипините, Кина, Индија и други земји.

Првиот конференциски ден беше исполнет со предавања од одлични говорници од Македонија и странство, кои покриваа најразлични и актуелни теми од iOS светот. Денот кулминираше со Launchpad: Show Your Work, уникатен формат каде учесници на конференцијата кои развиваат сопствени апликации имаа можност да ги презентираат пред целата публика и да добијат фидбек од панел од експерти. Оваа сесија е новитет кој го издвојува iOSKonf од останатите iOS конференции.

iOSKonf 2025

На последниот ден, покрај уште еден сет од квалитетни предавања, се одржа и панел дискусија со четворица искусни панелисти: Mikaela Caron, Klemens Strasser, Sebastian de With и Chris Eidhof, водена од Daniel Steinberg. Темата на дискусијата беше обликувана од прашања поставени од публиката, кои учесниците можеа да ги испратат пред почетокот и во текот на самиот панел.

Дополнително, студентите од ФИНКИ, кои го следат предметот Мобилни апликации (iOS), предводени од проф. д-р Петре Ламески, организираа мини музеј на iOS уреди – изложба која преку различни генерации на iPhone, iPad и iPod уреди ја прикажа еволуцијата и историјата на iOS развојот.

iOSKonf 2025

Агендата на iOSKonf беше внимателно креирана за да постигне баланс помеѓу технички содржини и време за запознавање, разговор и размена на идеи. Конференцијата заврши со забава организирана во просториите на Нетавил.

iOSKonf е непрофитна конференција организирана од CocoaHeadsMK, заедницата на iOS инженери во Македонија. Организацијата ја водат Филип Сарџоски, Моника Матеска, Фросина Ременска, Златко Кувенџиски, Петар Каров, Кристијан Кофилоски и Александар Гижаровски, целосно на волонтерска база, без никаква финансиска компензација.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk