Спонзорирано

IT Labs слави 20 години иновации, раст и соработка

Спонзорирано од IT Labs

во ИТ настани, ИТ.МК, Спонзорирани

Пред дваесет години, тројца ентузијасти од Македонија започнаа мисија да изградат нешто поинакво – компанија заснована на иновации, интегритет и луѓе. Сè започна во 2005 година. Социјалните мрежи беа во зачеток, мобилните апликации сè уште немаа дефинирана форма, а вештачката интелигенција постоеше само во научната фантастика. Но и тогаш, IT Labs гледаше кон иднината и градењето на истата. 

Дваесет години подоцна, IT Labs е глобален технолошки партнер со присуство во Северна Америка, Европа и Јужна Америка. Со седиште во САД и канцеларии во Велика Британија, Холандија и Северна Македонија, како и тимови што работат хибридно и од дома ширум светот, IT Labs соработува со клиенти од различни индустрии – од здравство, автомобилска индустрија и финансии, до образование и управување со недвижности.  

Костандина Зафировска, Генерален директор 

“ИТ индустријата е една од најдинамичните, и за да се биде дел од неа, потребно е постојано учење, менување и напредување – како на лично, така и на организациско ниво. IT Labs, во неколку наврати, мораше да се преобразува, да се менува и да спроведува револуционерни трансформации за да се прилагоди на пазарните услови и да делува на различни пазари и во различни индустрии. Овие 20 години покажаа дека организациската резилиентност, адаптабилност и флексибилност се клучот за успех”. – Костандина Зафировска, Генерален директор. 

Иако имаме партнерства со организации ширум светот, тоа што нашата најголема развојна платформа се наоѓа во Македонија ни овозможи да изградиме силни локални соработки. Преку овие партнерства, со гордост даваме придонес кон локалната технолошка и едукативна заедница, учествувајќи во менторски програми, гостински предавања, кариерни денови и градење силни врски со студентите. Без разлика дали споделуваме практични знаења или им помагаме на младите таленти во нивните први професионални чекори, ние сме тука за следната генерација на инженери и експерти – долго пред да станат дел од пазарот на труд. 

„Во текот на овие две децении, едно нешто остана непроменето – луѓето се срцето на IT Labs. Тие се нашата највисока вредност, двигателот на секој успех и темелот врз кој растеме и се развиваме. Благодарение на нивната посветеност, талент и визија, успеавме не само да опстоиме, туку и континуирано да се унапредуваме, да креираме иновации и да го освојуваме меѓународниот пазар. Нашите луѓе се IT Labs“. – Фросина Зафировска, Главен директор на човечки ресурси. 

Нашата сила лежи во инвестицијата во луѓето. Низ годините, преку нашата програма за практиканти, обучивме и развивме бројни инженери, од кои многумина денес се експерти и лидери, не само во IT Labs, туку и пошироко. Приказни како оние на Александра Ѓиновска (групациски раководител на технологија), Стефанија Џајкоска (сениор бизнис аналист), Александра Ангеловска (архитект за контрола на квалитет) и Мартин Трајков (сениор софтверски инженер) коишто започнаа како практиканти, се доказ за културата на поддршка и можностите што ги нуди IT Labs. 

Денес, технологијата се менува со огромна брзина – GenAI, сајбер безбедноста и решенијата базирани на податоци го креираат утрешниот свет. IT Labs постојано го прилагодува својот пристап за да одговори на новите предизвици и потреби на клиентите. 

Преку нашиот Team-as-a-Service модел, им помагаме на бизнисите да скалираат паметно, со експертски тимови кои не само што извршуваат задачи, туку и ги унапредуваат внатрешните капацитети. Обезбедуваме не само технички знаења, туку и менторство, насоки и поддршка за изградба на стабилни и способни технолошки еко-системи во самите компании. 

Нашите работилници со вештачка интелигенција и стратешко консултирање им овозможуваат на лидерите и тимовите да ја искористат новата технологија со самодоверба, додека преку иницијативи како Growth+ им помагаме на организациите да изградат силни, отпорни тимови – подготвени за иднината. 

Во сржта на сè што правиме се знаењето, иновацијата и партнерството што носи реален, одржлив импакт. 

До секој колега, клиент, партнер и член на технолошката заедница што беше дел од ова патување – благодариме. Вие го направивте IT Labs тоа што е денес и тоа што ќе биде утре. 

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Напомена:

Ова е комерцијален ПР текст закупен од страна на IT Labs . IT.mk не сноси никаква одговорност за текстот и неговата содржина. Доколку сте заинтересирани да објавите промотивен текст, испратете го на [email protected]