Дигитално скијање во Lonely Mountains: Snow Riders и Highlands

Lonely Mountains: Snow Riders e квалитетна игра која претставува природна еволуција на претходната игра на Megagon Industries. Заменувајќи ги планинските велосипеди со скии, студиото ја задржува препознатливата филозофија на прецизно движење низ комплексни терени. Како резултат, добивате забавна игра која релативно успешно балансира помеѓу медитативно и релаксирачко спуштање низ снежните пејзажи и брутално тежок предизвик кој бара совршени рефлекси.

Автентично скијање

Физиката на движењето е еден од најсилните аспекти во Lonely Mountains: Snow Riders, нудејќи реалистично чувство на лизгање преку замрзнати езера и пробивање низ длабокиот снег. Еден од најкорисните визуелни елементи е трагата во снегот што ја оставаат претходните обиди, што, подоцна, ви служи како органски водич за корекција на грешките и подобрување на линиите. На овој начин, ем се елиминира потреба од наметливи интерфејс елементи ем се пружа дополнителна помош при совладување на предизвиците.

Она што првенствено ќе биде ценето со играта е воведувањето на мрежен мултиплеер. Имено, со поддршка за играње помеѓу различни платформи, Lonely Mountains: Snow Riders дозволува откачена дружба од двајца до осум учесници, со што драстично се менува динамиката на играње преку два основни модуси. Кооперативниот режим дефинитивно бара стратешко размислување каде тимот мора внимателно да ги менаџира ограничените контролни точки за да стигне до целта, Натпреварувачкиот режим, подразбирливо, се фокусира на чиста брзина и ризично тркање до целта. Никој нема да ве спречи да истражувате и за скршнете од главната патека. Таквата смелост ќе ве награди со пристап до кратенки, нова опрема и костуми. Како станувате поискусни, така ќе ги барате и максимално користите овие околински бенефити, особено кратенките кои, за возврат, ќе ви дозволат да поставувате нови рекорди.

Lonely Mountains: Snow Riders – Highlands

Од неодамна, Lonely Mountains: Snow Riders ја освои публиката со својата најнова експанзија, Highlands, носејќи ги фановите во живописните предели на Ben Fiadhein. Додатокот ви дозволува да скијате нин четири нови патеки. Дизајнот на нивоата е исклучително детален, водејќи ве низ густи златни шуми и покрај брегови на моќни реки, со истиот, препознатлив предизвик кој бара прецизност и брзи рефлекси за време на адреналинската навигација. Новите временски предизвици и можностите за слободно скијање додаваат слој на длабочина, но и арсенал од дополнителни козметички додатоци, како што се тематските килтови или средновековните оклопи.

Lonely Mountains: Snow Riders и нејзиното неодамна излезено DLC нудat солиден пакет кој успешно ја пренесува тензијата и задоволството од екстремното скијање во дигитален формат. Тимот има направено одлична работа да го направи нивното чедо пристапно на сите и да овозможи забавни услови и како лежерна виртуелна екскурзија со пријателите и како кон строг тест на вештини. Системот на прогресија, комбиниран со можноста за истражување и технички прецизната контрола, ја прави оваа игра достоен наследник на велосипедскиот серијал, проширувајќи ја, притоа, формулата на значаен начин.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk