0 коментари 3 мин. читање 24 март, 2023

Шпанската ИТ- компанија 2Coders ги прошири своите канцеларии во Скопје

2Coders неделава го официјализираше отварањето на новата канцеларија во Скопје во која што вработените ќе може да уживаат во современ простор, а преку колоритниот ентериер да ја доживеат енергијата од Канарските острови, каде што е седиштето на компанијата. 

Свеченото отворање се реализираше вчера на 23-ти март, во бизнис центарот Синерџи во населба Аеродром, a гости беа претставници на дипломатскиот кор, меѓу кои и амбасадорот на Шпанија, блиски соработници од бизнис заедницата, како и многу други пријатели на компанијата.

2Coders е глобална ИТ компанија за развој на софтверски решенија чиј што главен фокус е развивање на нативни мобилни апликации и ТВ/веб платформи за стримање на видео содржини во доменот на спорт и забава. Основана во 2013 година, по девет години успешно работење, го проширува својот тим со уште еден развоен центар во Скопје. Канцеларијата во Скопје веќе има 20-тина вработени, а бизнис-плановите предвидуваат оваа бројка неколкукратно да се зголеми во наредните две години, привлекувајќи млади и талентирани ИТ инженери од Северна Македонија. Тимот се состои од искусни инженери за мобилни, веб и ТВ апликации, дизајнери, инженери за квалитет на софтвер, бизнис аналисти и проект менаџери.

Основачите на 2Coders, Давид Сантана Молина и Даилос Медина Мендез, пред гостите на отвaрањето ги истакнаа вредностите на компанијата, работната етика, придонесот во постојано усовршување и сопствениот развој на вработените. 

Кон отварањето на канцеларија во Северна Македонија гледаат како значаен чекор напред за нивната компанија. Тие изјавија дека одлуката за развој во Северна Македонија е донесена заради стратешки добрата локација на оваа земја и нејзината исклучително талентирана работна сила. 

“Не застануваме тука, продолжуваме со работа и на сопствени иновативни продукти кои ќе го подобрат секојдневното функционирање, а со тоа ќе се зголеми и потребата за вработување на позитивни, млади IT ентузијасти кои ја препознаваат нашата култура и политика на работење. За таа цел отворивме нова канцеларија во Скопје, каде што ќе создадеме уште подобра и поквалитетна атмосфера за функционирање.“- истакнува Тина Чурлиновска, директорката на компанијата во Северна Македонија. 

Канцеларискиот простор има океански принцип на работење, мали простории „phoneboots“ за кратки состаноци, конференциска просторија и стаклена соба за презентации. 

Заради својот успешен раст во Северна Македонија, во 2022 година 2Coders добива награда за интернационална експанзија oд Шпанската стопанска комора.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top