Ќе ја подобри ли „Безбеден град“ сообраќајната култура во Македонија

во Вести

Во време на дигиталната трансформација паметните технологии стануваат дел од нашето секојдневие. Македонија прави интересен чекор за подигнување на сообраќајната култура со воведувањето на системот „Безбеден град“. Системот претставува технолошка иновација, но многу граѓани се надеваат дека ќе доведе до побезбедни патишта и подисциплинирани учесници во сообраќајот. Со својата способност за прецизно следење и санкционирање на прекршоците, „Безбеден град“ има потенцијал да придонесе во  создавањето на поодговорна и побезбедна сообраќајна средина за сите.

Камерите поставени на скопските улици во целост ќе започне да функционираат следната година. Граѓаните не само што ќе бидат казнувани врз основа на снимките, туку и средствата ќе бидат повлекувани директно од нивните сметки. „Безбеден град“ ќе биде оперативен до крајот на 2025 година. Покрај во Скопје, ќе се користи и во Куманово и Тетово.

Засега размислувањата се откако системот е активен најпрво д асе делува едукативно. Ова ќе биде во првите шест месеци на 2026 година. Потоа ќе биде активирана „автоматиката“ и ќе започне казнувањето. Со камерите ќе се регистрираат и автоматски ќе се казнуваат следните прекршоци: минување на црвено светло, возење со брзина поголема од дозволената и непрописно паркирање.

„Догодина системот комплетно ќе биде ставен во функција и сметам дека тоа ќе придонесе за поголема безбедност и помалку сообраќајни несреќи на улиците. Се размислува во првите 6 месеци да се делува едукативно и информативно, а потоа да се почне со ригорозно казнување односно секој што ќе направи прекршок да биде казнет со тоа што веднаш ќе му бидат земени пари за казната од сметка“, СДК ја пренесува изјавата на премиерот Христијан Мицкоски.

Скопје, 2020 / Фотографија: Петар Аврамоски / Unsplash

МВР ги собира потребните податоци

Во моментов Министерството за внатрешни работи, покрај на финализирање на „Безбеден град“ работи и на прибирање на податоци од возачите. Сепак за целосно користење ќе мора да се направат и промени во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

„Промените се однесуваат на начинот на кој сообраќајните прекршоци се документираат со соодветни технички средства и уреди за снимање. На сопственикот на возилото ќе му биде доставен соодветен поднесок за сторениот сообраќаен прекршок.“, пренесува Слободна Европа.

Полицијата веќе започнува да ги собира потребните податоци. За време на регистрацијата на возилата, од граѓаните се земаат и потребни контакт податоци. Покрај телефонски број и имејл адреса, новитет е и потпишувањето на документот за веродостојност на податоците. Овие контакт информации ќе бидат понатаму искористени за да се известат граѓаните за датата и прекршокот кој е направен со нивното возило. Покрај телефон и електронска пошта, во прво време овие податоци ќе се испраќаат и по традиционална пошта. Министерот за внатрешни работи Тошковски се надева дека системот ќе може да се користи и за следење на коридорот 8 и коридорот 10 во иднина.

Овој систем е дел од долготрајната стратегија за модернизација на сообраќајот. До сега генерално беше концепт, но сега се работи и на спроведување во пракса. Технологијата веќе започна со тестови. Минатата година 20% од инсталираните камери регистрираа околу 2000 прекршоци за само 24 часа. Според Министерството за внатрешни работи по целосната имплементација бројките би можеле да достигнат 20000 регистрирани прекршоци дневно.

Какви камери се користат за Безбеден град (Safe City)

 На раскрсниците во Скопје се инсталирани камери од италијанскиот производител Tattile Smart Speed. Камерите може континуирано да следат до две сообраќајни ленти со максимална ширина од 7,5 метри. Покрај брзината на возилата, може да го препознаат и регистарскиот број, производителот и моделот на возилото, бојата и државата во која е регистрирано возилото.

Кога некое од следените возила ќе го надмине ограничувањето на брзината, вградениот радар ја активира камерата за да евидентира слика од возилото и неговата регистарска табличка. Покрај регистарската табличка, сликата вклучува и датум, време, земја и брзина. Токму ова се податоците кои ќе им бидат пратени на граѓаните во известувањата за сообраќајни прекршоци.

Повеќе податоци за камерите може да прочитате во овој текст за „Камерите за казнување низ скопските улици“.

Како се користат овие системи во Европа

Додека Македонија започнува со тестирање за имплементација на камерите и Безбеден град, повеќе големи градови веќе ги користат.

Лондон има сеопфатна мрежа на камери кои следат сè, од сообраќаен метеж до прекршоци за возење на автобуската лента. Во Обединетото Кралство се користат и системи со вештачка интелигенција за да се анализираат податоците од камерата и да се идентификува опасното однесување при возење.

Амстердам користи паметни камери за полесно да ги спроведе ограничувањата на брзината и поминувањето на црвено светло. Започнати се и тестови со камери кои можат да детектираат користење на телефон за време на возење.

Берлин користи камери за следење на возилата кои минуваат на црвено светло и возат со повисока брзина од дозволената. Постепено ја прошируваат употребата на технологија за да го подобрат текот и безбедноста на сообраќајот.

Будимпешта има инсталиран софистициран систем наречен VÉDA кој вклучува и фиксни и мобилни камери за следење широк спектар на прекршоци, од брзо возење, и минување на црвено светло,  до непрописно користење на лентите.

Гент и Антверпен во Белгија користат ANPR (Автоматско препознавање на таблички) камери за да ја подобрат безбедноста и управувањето со сообраќајот. Ова засега е поизразено во областите со голем сообраќај и пристаништето Антверпен.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
George Gicev
George Gicev
1 year ago

Dobrodojdovte vo Orvelova Makedonija. Ke ve snimi i ke vi gi zeme parite. Utre i bo zatvor vednas. Sho sea le se raspravame so sudovi i koj sto kako. Odma u ќорку.