Обединетото Кралство ќе забрани AI алатки за генерирање детска порнографија

Обединетото Кралство е прва држава во која со закон ќе бидат забранети алатките поддржани од вештачка интелигенција кои се користат за генерирање на слики на детска порнографија. Покрај поседувањето на алатките, со закон ќе се казнува и нивното креирање и дистрибуција. Прекршителите може да добијат до 5 години затворска казна.

Новите мерки се резултат на вознемирувачките податоци за зголемување на случаи на слики генерирани со помош на вештачка интелигенција на кои е прикажана сексуална злоупотреба на деца. Internet Watch Foundation вели дека има зголемување од 380% на пријавени случаи на содржина во која е прикажана злоупотреба на деца. Од 51 потврден случај во 2023 година до 245 случаи во 2024 година. Секоја пријава може да содржи илјадници слики.

Истражување од минатата година покажува дека за еден месец, на веб-страница на „dark-web“ биле откриени 3512 AI слики на детска сексуална злоупотреба. Бројот на слики кои спаѓаат во најтешката категорија (Категорија А) е зголемен за 10% во споредба со претходниот месец. Овие податоци ја нагласуваат потребата од итни строги мерки против злоупотребата на AI за создавање на ваков вид содржина.

Сликите генерирани со помош на вештачка интелигенција изгледаат реално. Често не може да се направи никаква разлика помеѓу генерирана слика и фотографија. Софтверот може да постави лице од едно на друго тело, да „разголи“ некоја слика, па дури и да го користи гласот на жртвите. Оваа содржина, не само што се дистрибуира туку се користи и за уценување на децата кои се жртви.

Заштрашувачки раст на генерирани слики со помош на вештачка интелигенција

Веројатно зголемувањето на бројот на генерирани слики не треба да биде изненадување. Вештачката интелигенција е одлична алатка за зголемување на продуктивноста. Иако најчесто не помислуваме на злоупотреба, таа секако ќе биде присутна. Во ера на супер брзи технолошки иновации, дигиталните алатки се претворат во двострано оружје. Од една страна, нудат неверојатни можности за креативност и напредок, а од друга, можат да се користат и за најмрачни цели.

Новиот закон, кој ќе биде дел од Законот за криминал и полиција. Предвидува секое поседување, создавање или дистрибуција на AI алатки специјално дизајнирани за генерирање на детска сексуална експлоатација (CSAM) да биде илегално. Дури и за поседувањето на т.н. „педофилски упатства“ за користење на AI, казната може да достигне до три години затвор.

Ивет Купер (2016 година) / Rwendland – Own work, CC BY-SA 4.0

„Сведоци сме на вештачка интелигенција која овозможува онлајн злоупотребата на деца да биде на стероиди. Вештачката интелигенција ја индустријализира сексуалната злоупотреба на деца, па владините мерки мора да бидат и построги.“, вели британската министерка за внатрешни работи Ивет Купер за BBC.

Оваа нова законодавна рамка е дел од пошироки напори за спречување на злоупотребите. Истовремено треба да овозможи и побрза реакција за новите форми на дигитален криминал.

Дел од британските експерти ги поздравија предложените мерки, но сметаат дека е пропуштена можност да бидат уште построги. Тие побараа целосна забрана за сите апликации и сервиси кои нормализираат „сексуална активност на деца“.

Најавените мерки вклучуваат остри казни за оние кои управуваат веб-страници каде што се споделуваат или совети за злоупотреба на деца. Граничните служби ќе добијат овластување да побараат отклучување на дигиталните уреди при влез во земјата, од лица за кои се сметаат како закана.

„Има злосторници кои користат вештачка интелигенција за да им помогне подобро да ги намамат или уценуваат тинејџерите и децата. Ги менуваат сликите и ги користат за да ги уценат младите луѓе во понатамошно злоставување, се случуваат поужасни и садистички злоупотреби.

Ова е област каде што технологијата не чека, па ако сакаме да ги задржиме децата безбедни не може да чекаме и ние.“, додава Купер.

Националната агенција за криминални работи (NCA) објави дека секој месец се вршат околу 800 апсења поврзани со интернет закани кон децата. Помалку неверојатно, 840000 британци, или 1.6% од возрасната популација се смета за потенцијална закана.

Законодавството мора да биде во чекор со технолошките промени за да се спречат ваквите ужасни злосторства. Тоа значи дека, покрај новите мерки, технолошките компании треба да обезбедат сигурна онлајн средина за најранливите. Освен ова, надзорните тела треба ефикасно да ги спроведуваат законите.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments