Дали имате некоја интересна фотографија од која би сакале да го извлечете вашиот лик или нечиј друг лик за да истиот го поставите на некоја друга позадина?
Remove.bg е веб сајт кој бесплатно ви дозволува да поставите фотографија и по кратка анализа, централниот лик автоматски да биде „извлечен“ од фотографијата. Процедурата е брза, а резултатите се навистина импресивни. Независно од позадината, алатката одлично го детектира и одбележува ликот.

Финалниот производ потоа можете да го преземете во најразлични формати, како и да ја оцените ефикасноста на изделувањето.
Добивај известувања
Најава
0 Коментари
Најнови







