0 коментари 1 мин. читање

Дождлива декстоп површина со OK.It’s.Raining.Men

Вчера, пишувавме за алатка која ја менува позадината на вашиот десктоп во зависност од музиката која ја слушате. Овојпат, повторно ни е на нишан дестоп-от, но од малку поразличен агол.

OK.It’s.Raining.Men е алатка со која добивате анимирана десктоп површина на која паѓа дожд и се прават концентрични кругови со секоја падната капка. Паралелно со ова, секојпат кога ја движите вашата стрелка се праваат соодветни анимации, како стрелката физички да поминува низ водената десктоп површина. Овој ефект не е видлив само на основниот декстоп туку се формира и доколку отворите најразлични прозорци и правите најразлични операции (како на пример при прелистување страни, копирање датотеки, и слично).

Во одделот со опции можете да менувате и да прилагодувате најразлични работи, доколку не сте задоволни со одредена изведба.

Напишано од

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Мени
Заедница
Изглед
To top