Берзата Crypto.com по грешка испрати 400 милиони долари во ETH на друга берза

Интересна недела за крипто-берзите… по фијаското на втората по големина крипто-берза во светот, FTX, која неделава објави банкрот откако излезе на виделина дека манипулирале со средствата, една другите берзи во кругот на најголемите берзи на криптовалути – Crypto.com се соочи со јавноста за тоа што пред 3 недели испрати 400 милиони долари во Ethereum на погрешна адреса. Благодарение на „Прашајте ме било што“ (Ask Me Anything) сесија со извршниот директор на Crypto.com, Крис Марсалек, јавноста дозна што се случило во малку повеќе детали.

На 21-ви октомври берзата Crypto.com по грешка префрлила 320.000 ETH на сметка на крипто-берзата Gate.io. Ова е 82 отсто од Ethereum со кој располагала берзата а трансакцијата ја забележа корисникот Конор Гроган и ја сподели на Twitter.

Грешката настанала кога овие средства требало да бидат префлени на нов „cold storage“. „Cold Storage“ е термин кој се користи за офлајн простор на кој се чуваат крипто средства. Наместо на точната локација, 320.000 ETH билe префлени на надворешна адреса која била на „whitelist“. Оваа адреса e корпоративната сметка на Crypto.com на Gate.io.

За среќа на корисниците на Crypto.com, средствата беа вратени назад на Crypto.com по една недела. Најголем дел, 285.000 ETH беше префрлен на еден новчаник, а уште 35.000 беа префрлени на друг новчаник. Со соопштение излезе и Gate.io кој објасни дека речиси веднаш сфатиле дека станува збор за оперативна грешка и започнале со враќање на средствата.

Крис Марсалек од Crypto.com на AMA

Засега информациите за грешката која го овозможила погрешниот трансфер се во недоволен број, па затоа беше интересно обраќањето на директорот на компанијата во живо на АМА.

Според Марсалек, иако криптовалутите навистина биле префрлени на Gate.io никогаш не постоела ниту најмала опасност тие да не бидат вратени. Прераскажувањата како од Crypto.com морале да вртат телефони до Gate.io не се точни. Берзата и самата можела да ги повлече средствата од својата сметка доколку ова било неопходно.

Проблемот со враќањето на парите назад бил висината на трансферот. Вкупната сума која требала да биде повлечена била значително повисока од дневниот лимит на средства кои може да бидат повлечени. Поради ова, морале да побараат да биде зголемен дневниот лимит, а тоа е и единствената комуникација која ја имале во случајот.

„Луѓето треба да сфатат во ниеден момент средствата не беа пратени на некое место од каде не можевме да ги земеме назад“.

Системот со кој се испраќаат средствата има поставена мерка за заштита која спречува средства да бидат испратени на сметка од која не можат да бидат вратени. Сепак, и покрај тоа, Crypto.com по инцидентот го промени протоколот за да биде побезбеден.

Нема манипулација со резервите на Gate.io

Дел од коментарите по објавување на веста за трансферот беа во насока дека е направен за манипулација на потребните резерви на Gate.io. Според оваа теорија, Crypto ги пратил средствата на сметка на Gate за тие да можат да ги покажат како доказ за постоечка резерва. За демант беше доволен едноставен увид во податоците кои ги сподели Gate.io во кои не е вклучен трансферот од Crypto.

Не е прва погрешна трансакција за Crypto.com

Иако е најголема погрешна трансакција, ова не е прва, ниту пак прва мулти-милионска погрешна трансакција за Crypto.com. Во мај 2021 година при рефундирање на средства вработен во Crypto го внел бројот на сметката во полето за сумата која треба да се исплати. Со ова наместо 100 рефундирал над 10 милиони австралиски долари.

Ова било пријатно изненадување за Tеваманогари Mанивел од Мелбурн, Австралија, коja добилa 10,5 милиони австралиски долари на својата сметка. Наместо да пријави грешка, Манивел ги префрлила средствата на заедничка сметка и заедно со сопругот купила куќа за својата сестра во вредност од 1,3 милиони австралиски долари. Оттогаш купиле повеќе куќи, луксузен автомобил, мебел и уметнички дела, пренесе News.

Crypto.com не ја забележал грешката до декември 2021. Во февруари 2022, успеале да ја замрзнат сметката и започнале судски спор за преостанатите пари. Судот во Австралија и наредил на Манивел да ја продаде куќата и да ги врати средствата. Судската разрешница беше закажана за октомври, но ќе мора да почека до 2023. Според најавата следното рочиште е закажано за 21 март 2023 година.

За крај, би сакале да споделиме една важна лекција на темава:

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments