Самиот оперативен систем нуди корисни можности за автоматско менување десктоп позадини, но само во форма на статични слики. За се што е понапредно, потребно е инсталирање дополнителни апликации.
ImDesktop е една апликација која е како колекција од сите апликации што би можело да ви ги треба за промена на вашите десктоп позадини. Имено, со апликацијата можете да наместите автоматско менување на статични позадини, но можете и да наместите да се вчитаат и приказуваат видео материјали во форматите MP4/AVI/WMV/WVC/MPEG, па дури и песни со форматите MP3/WAV/AAC можат да бидат вклопени како дел од вашата десктоп позадина. Тука некаде ќе наидете и на можноста за активирање gif-ови како позадини.

Доколку не работите на компјутерот ImDesktop ќе ја активира позадината како screen saver и низ целиот екран ќе ги прикажува видеата кои сте ги имале претходно вчитано да се позадини. Можете да подесувате дали видео „позадините“ да бидат со или без тон, како и до кој степен да биде нивната гласност. Во кој било даден момент, можете да ја паузирате позадината, да ја смените, целосно да го намалите тонот и ред други работи.
Преку официјалниот сајт на ImDesktop можете да прелистувате, преземате и активирате над 10 000 интересни статични/ видео позадини. Апликацијата е интересна, но, подразбирливо, знае да троши повеќе ресурси, нешто што ќе биде забележително доколку решите да ја активирате на вашиот лаптоп. Но, апликацијата детектира која ќе започнете нешто да работите во fullscreen и ги паузира сите анимации додека гледате филм или играте игра.

Каков втор „недостаток“ е тоа што ImDesktop чини 1800 денари, но не се работи за претплата туку за целосна верзија која можете да ја користите засекогаш. На располагање имате и демо преку кое можете да ги проверите потенцијалите пред да направите финансиска посвета.