24ти мај е Денот на Светите браќа Кирил и Методиј – ден посветен на браќата мисионери кои ја создале глаголицата, а го ширеле и христијанството и писменоста меѓу словенските народи.
На 24ти мај оваа година на Универзитетот за информатика “Св. Апостол Павле” во Охрид, друштвото за истражување и развој Сефиданис го презентираше својот најнов изум – виртуелен астронаут на холографски пергамент од иднината ја донесе Глаголицата на Светите браќа Кирил и Методиј по повод празникот, како надеж дека современите технологии можат да го конзервираат и пренесат во вечноста нашето културно и духовно богатство.

Како Споменикот на иднината со вештачка интелигенција ќе го зачувува културното наследство?
Според извештајот на Обединетите Нации, на 15-ти ноември годинава светската популација достигна 8 милијарди луѓе. Воедно, мобилноста на граѓаните на планетата достига историски максимум, а туризмот е индустрија со забрзан раст на прво место.
Од друга страна, четвртата индустриска револуција чиј предводник е вештачката интелигенција, носи најголем број предизвици за заштита на локалното културно наслество. Целта на паметниот споменик е трајно да се зачува културното наследство, тргнувајќи од дијалектите, обичаите, преданијата, уметноста и друго.
Виртуелните аватари со помош на современите методи на вештачка интелигенција, ќе се претставуваат во паметниот споменик преку интерактивна слика и говор, со што ќе можат ефективно и ефикасно да го продолжат векот на дијалектите, а оттаму и јазиците кои се во изумирање, како и останатите посебности на локалната заедница.
Виртуелната тродимензионална сцена која ќе има потенцијал со помош на проширена реалност да претставува историски или пак имагинарен лик, кој ќе биде мост помеѓу минатото и сегашноста на плоштадите од паметните градови на иднината.
Локалните жители, туристите и сите други посетители, ќе можат да го користат паметниот споменик за да ја спознаат историјата на градот, да добијат важни информации за ориентација, навигација, како и економски потенцијал за соработка со занаетчиите, малите и други локални претпријатија.
Споменикот e изработен од цврсти материјали отпорни на надворешни услови во сите четири сезони. Формата претставува спој на три експоненцијални патеки, кои се спојуваат на врвот. Архитектурата на споменикот симболизира едноштво и трансценденција на човековата свест, како и кохезија со вештачката интелигенција. Интеракцијата e овозможена на многу светски јазици, 24 часа во текот на денот.
Што сѐ нуди овој споменик на иднината?
Споменикот на иднината на Сефиданис, нуди интеракција од 360° каде што корисници можат да пристапат од различни страни. Вештачката интелегенција со помош на податоците добиени од сензорите на паметниот споменик ја прилагодуваат сцената во која се наоѓа интерактивен аватар, односно патник од иднината во форма на астронаут со природна човечка големина.
На виртуелната сцена постојат рефлективни материјали кои ке го отсликуваат надворешниот амбиент во реално време со што ке се креира хибридна реалност.
Во отсуство на корисник аватарот прикажува демо содржини и има за цел да го улови вниманието на случајните минувачи. Системот има капацитет да препознава говор на сите светски јазици и исто така да одговара на повеќе различни јазици.

Технолошките изуми од ваков тип треба да бидат првите никулци на паметните градови во регионот и светот, со тоа што ќе преставуваат станици за агрегирање на податоци за градот, културата и моделите на однесување на луѓето кои живеат во него или го посетуваат. Бидејќи суштината на ВИ е да предвидува, платформата на паметниот споменик ќе има за задача да дава прогноза за идните настани.
Проектот беше поддржан од Фондот за иновации и технолошки развој во рамки на повикот „Стартапувај-5”, а истиот го реализираше тимот на Друштвото за истражување и развој Сефиданис од Охрид, чиј основач и управител е Проф. д-р Анис Сефиданис од Факултетот за машинска интелигенција и роботика при Универзитетот “Св. Апостол Павле” во Охрид







