Како до успешна фриленсерска кариера со Јован Поп-Петров и UpworkBoost 

Фриленсерството во ИТ индустријата денес нуди бесконечни можности, но и бројни предизвици. Јован Поп-Петров, успешен веб-дизајнер и фронт-енд девелопер, веќе со години го кали фриленсерскиот занает. Како што вели, искуството е секогаш предност, но за да се стигне до негo потребна е огромна трпеливоста и желба за учење. 

Иако да се биде фриленсер навидум звучи едноставно, според Јован за ваквата цел секогаш постојат клучни стратегии и начини за тоа како фриленсерите можат да се издвојат на глобалниот пазар и да добијат големи клиенти.

Во ова интервју за ИТ.мк, Јован раскажува за предностите на фриленсерството, успесите но и грешките од кои може да се научи, како и неговиот потфат наречен UpworkBoost, преку кој го споделува искуството од ваквата работа со надежните, но и веќе етаблираните и успешни фриленсери кои сакаат да го подобрат своето портфолио.

Јован Поп-Петров

Јован Поп-Петров: Јас сум Јован и веќе 16+ години работам како фриленсер. Моето патување започна уште пред фриленс платформите да станат популарни, а со текот на годините стекнав искуство со Upwork и други платформи.

Видов дека многу талентирани луѓе од Македонија и регионот не можат да најдат работа, иако имаат завршени академии, факултети и курсеви. Најголемиот проблем беше тоа што не знаеја како правилно да се претстават и да добијат клиенти.

Токму затоа го основав UpworkBoost  – со цел да им помогнам на новите фриленсери да ги избегнат грешките што јас и многу други ги направивме на почетокот, и побрзо да изградат успешна кариера.

Од предностите можеме да издвоиме:

Глобален пазар – Фриленсерите имаат можност да работат со клиенти од целиот свет, наместо да бидат ограничени само на локалниот пазар.

Флексибилност – Можете да изберете со кого ќе работите, на кои проекти и кога ќе работите.

Потенцијал за високи приходи – ИТ фриленсерите, особено програмерите и дизајнерите, можат да заработуваат значително повеќе од просечните локални плати.

Од предизвици, тука се:

Голема конкуренција – На платформи како UpWork, конкуренцијата е огромна, па мора да имате квалитетен профил и стратегии за издвојување.

Нестабилност – Постојат периоди со многу работа, но и периоди кога е тешко да се најдат нови клиенти.

Самодисциплина – Без менаџер или фиксно работно време, фриленсерите сами мора да организираат и водат проекти.

Нашето решение служи за да им помогне на фриленсерите да изградат моќен профил кој привлекува клиенти и им овозможува полесно да добиваат проекти.

Тоа зависи од пристапот на самиот фриленсер. Доколку имате квалитетен профил, добра репутација и градите стабилни односи со клиенти, фриленсерството може да биде долгорочна и одржлива кариера.

Многу успешни фриленсери со тек на време формираат свои агенции на UpWork, вработуваат други фриленсери и го претвораат својот индивидуален ангажман во бизнис.

Совет: Инвестирајте во градење силен профил, добивање добри рецензии и проширување на клиентската база. 

Клучно! Фриленсерите кои имаат силен личен бренд значително полесно добиваат клиенти и повисоки проекти.

Добро структуриран профил – Клучни зборови, добро напишано „About me“ и детали за искуството.

Силно портфолио – Реални проекти, успешни студии на случај и препораки од клиенти.

Онлајн присуство – LinkedIn, Behance, Dribbble, Contra профили кои го покажуваат вашиот квалитет.

Континуирано учење – Следење на нови трендови во индустријата.

Клучни фактори:

  • Професионална слика и квалитетно „About me“
  • Прецизно дефинирани услуги и експертиза
  • Добро структурирано портфолио со реални примери
  • Позитивни рецензии од клиенти
  • Јасно формулирани понуди и добра комуникација со клиенти

Најбарани вештини во моментов:

  • Програмери: Python, JavaScript, React, Node.js, AI & ML, Blockchain
  • Дизајнери: UI/UX, Adobe XD, Figma, Motion Graphics
  • Маркетинг: SEO, Content Writing, PPC, Email Marketing
  • Data Science: Data Analysis, SQL, Power BI

Најдобрата стратегија е:
Пишување персонализирани понуди (Cover Letters) наместо копирање на исти пораки, фокус на првите неколку проекти за да добиете 5-ѕвездени рецензии, работа на долг рок – клиенти повеќе сакаат долгорочни соработки, како и оптимизација на профилот со клучни зборови за подобра видливост.

Па така, преку пакетите нудиме креирање на успешни Cover Letters и стратегии за добивање клиенти.

Грешки што ги прават новите фриленсери:

  • Неквалитетен профил со недоволно информации.
  • Испраќање на генерички апликации без персонализација.
  • Недостаток на портфолио или примери од претходна работа.
  • Премногу ниски или премногу високи цени без добра стратегија.
  • Слаба комуникација и доцнење со рокови.

Апсолутно ДА!  Многу компании и стартапи бараат долгорочни фриленсери за нивните тимови.

Како да добиете долгорочен клиент?

  • Доставете високо-квалитетна работа и надминете ги очекувањата.
  • Одржувајте добра комуникација со клиентите.
  • Барајте долгорочни проекти и нудете им континуирана поддршка.
  • Изградете одличен однос – еден среќен клиент носи повеќе нови клиенти!

Не се демотивирајте! Иако можеби сте завршиле факултет, курс или академија, иако компаниите не ви одговараат на вашите апликации за работа – не застанувајте тука!

Пробајте фриленс мрежи како Upwork, Fiverr, Toptal или некоја друга платформа. Можеби вашата иднина и вашите неостварени соништа ќе станат реалност токму преку Upwork!

Не мора да ги купувате моите пакети, но вложете го вашиот максимум!

Секој ден одвојте 8 часа за учење, оптимизација на профилот, истражување на проекти и праќање понуди.

Работете на себе, подобрувајте се и никогаш не се откажувајте. За 4-6 месеци ви гарантирам дека ќе видите резултати – а можеби и многу побрзо.

Понекогаш ви треба само една шанса, еден клиент, еден проект – и вашата кариера може целосно да се промени! Ако не пробате, никогаш нема да знаете!

Верувајте во себе, работете паметно и искористете ја шансата која ја нуди фриленс светот, а доколку ви треба помош, секогаш можете да го проверите UpworkBoost – но најважното е да почнете!

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments