900 демо игри спремни за проверка во наредните 7 дена

Како дел од најновиот Steam Next Fest настан, гејмерите можат да проверат над 900 демо верзии на игри кои ќе излезат.

Се работи за запрепастувачки висок број демо игри и исклучително малку време доколку сакате да ги проверите сите. PC Gamer ја имаат направено математиката и излегува дека, доколку сакате се да проверите, потребно да играте по 129 демо игри секој ден, односно по 5.5 демо игри на секој час, или по 12 минути да посветите на секое демо.

Нормално, Steam знае дека не може апсолутно се да ви се допадне и затоа се има посебен оддел кој се вика Recommended for you и е замислен да ви понуди предлози од демо игри кои се според вашите интереси. Имено, алгоритмите ви прикажуваат првенствено наслови слични на насловите кои во минатото сте ги играле.

Steam Next Fest настанот ќе трае до 13 февруари. За време на тоа, бројни девелопери организираат стримови во живо и презентации преку кои дополнително можете да се информирате за оние игри кои ќе ви привлечат внимание.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments