Microsoft Designer е конкурент и копија на Canva

Avatar img-thumbnail img-circle

во Софтвер

Пред околу 4 месеци Microsoft официјално го издаде Designer, едноставна алатка за креирање илустрации за друштвени мрежи, која треба, и може да биде конкурент на Canva. За користење на апликацијата имаше листа на чекање, а сега конечно ни стигна „покана“ од Microsoft.

Најголемата разлика со Canva е што во Designer речиси сѐ е автоматизирано и се базира на вештачката интелигенција – Designer Copilot. Designer Copilot е нов систем за вештачка интелигенција од Microsoft кој генерира визуелни, приспособливи дизајни врз основа на текстуален опис.

Веројатно најголемиот проблем на апликацијата е што треба да се натпреварува за корисници со Canva, која е веќе добро позната во индустријата.

Прв поглед на Microsoft Designer

Користењето на Designer е супер едноставно. Иако корисникот може да креира сопствен дизајн од нула, за нас поинтересно беше користењето на вештачка интелигенција.

Во овој случај, креирањето на илустрација започнува со прашањето „Што сакате да креирате?“. Во зависност од тоа што ќе одговорите, Designer Copilot ќе креира неколку првични предлози за изгледот. Во предложениот изглед сликите кои се креираат не се уникатни туку се веќе постоечки и се користат за визуелизирање. Секако ако сакате може да ги задржите и во финалниот дизајн.

По ова, ако дизајнот ви се допаѓа, но сликата не е соодветна, може да ја замените. Може да се користите слика од десктоп, телефон, слика која веќе сте ја генерирале во минатото, или да користите вештачка интелигенција за да креирате нова слика. За генерирање на сликите, Designer користи Dall-E 2. Неколку секунди откако ќе биде внесен описот, вештачката интелигенција ќе ви ги покаже предлозите. Oдбирате некоја од сликите, или генерирате нови, се додека не сте задоволни.

На крај треба да одберете некој од предложените дизајни. Дел од предлозите се статични, но некои се и анимиран слики.

По ова останува финалното прилагодување. Ако сте корисник на Canva веднаш ќе забележите дека интерфејсот ви изгледа познато. Microsoft не се обидува да биде премногу креативен и најголем дел од корисниците, ако не и сите, ќе се снајдат веднаш.

Во прилагодувањето може да одберете нови фонтови, да ја промените бојата или големината на фонтовите и во целост да ја промени палетата која е искористена во дизајнот.

На крај, единствено треба да го преземете дизајнот, или може директно да го споделите на некои од друштвените мрежи. Сепак за ова постојат повеќе ограничувања. Designer може да сподели содржина на Instagram бизнис профил, Facebook страници или на LinkedIn профил. Споделување надвор од ова може да се направи единствено со преземање.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk