6 игри кои ќе излезат наскоро!

Неодамна објавивме текст со 5 игри кои би можеле да ги проверите викендов, но, доколку не живеете во моментот и сакате да ги насочите нишаните кон она што допрва ќе дојде, подготвивме кратка листа од 6 мали, но невообичаени игри кои ќе излезат наскоро! За дел од игрите има достапно и демо!

Deathbound

Од развојното студио Trialforge Studio, ни доаѓа акциона RPG игра со Souls-like елементи. Сместена во свет на константен судир помеѓу верата и науката, Deathbound ќе ви дозволи да ги впиете есенциите на паднатите воини и да ги искористите нивните моќи и способности. Deathbound излегува на 8 август за PlayStation 5, Xbox Series X|S, и PC преку Steam, GOG и Epic Games Store!

Играта се најде на нашата листа првенствено поради невобичаената механика каде можете инстантно да скокате од еден на друг воин и да имплементирате најразлични уникатни способности. Паралелно со ова, ни се допадна и начинот на кој светот е дизајниран и пропратната наративна тема која обработува искушенија наметнати од верата и од науката.

Од 5 до 12 февруари ќе можете да го проверите демото за играта на Steam Next Fest!

A Void Hope

Од талентираното студио Elden Pixels се прикрадува вознемирувачка дистописка авантура со огромен фокус на невообичаена приказна која преповеда за тенката линија помеѓу ноќните кошмари и реалноста.

Покрај интригантна приказна, A Void Hope ќе се истакнува и со чиста, ретро инспирирана графика, бројни загатки кои го одмотуваат комплексното наративно клупче и музичка подлога осмислена од одамна-докажаниот Waveshaper (Furi, The Crew 2)! Кога сме кај познати имања, приказната е напишана од писателката Фрида Винделхед, а дизајнот на звуците е од Кристијан Бјурклунд (Little Nightmares)! Сево ова не прави посебно возбудени за излегување на играта.

Демото можете веднаш да го проверите!

Voxlands

Voxlands или Minecraft со огнени оружја првин ќе излезе како дел од раниот пристап на Steam и со помош на заедницата, дополнително ќе ги развива клучните механики за истражување, градење и прежување!

Voxlands ќе ви дозволи да истражувате огромни voxel мапи, да се борите со мутираните суштества користејќи најразлични огнени оружја и магии, како и да градите или уништувате се што ќе се осмели да се испречи на вашиот пат. Играта ќе можете да ја играте сами, или со вашите пријатели.

Се очекува да се појави и демо за проверка на играта!

Dispel

Иако демото за Dispel е достапно за играње, играта на LegionSword ќе излезе дури на 13 февруари, со што имате повеќе од доволно време да проверите дали оваа акциона, rogulite инспирирана игра е за вас!

Како авантура сместена во мрачен фантазиски свет, Dispel ќе ве вдомува во процедурално генерирани нивоа, со ветување дека ниеден ран нема да потсетува на претходниот. Карактеристично за вакви RPG игри, ќе можете да изберете уникатна класа која ќе ја надградувате преку раскошно дрво со способности.

Бројните области што ќе ги истражувате, ќе кријат разнолики опасности, но и оклопи и магични книги со разорни моќи.

SpaceKraft!

SpaceKraft! е предизвикувачка игра со загатки засновани на физички закони. Играта ќе излезе во ран пристап за четири недели, но, во меѓувреме, можете или да го проверите демото или да побарате ексклузивен пристап преку официјалната страна на Steam.

Во играта на Game Dev Garage имате за задача создавате најразлични елементи и да го истражувате отворениот свет. Вашиот вселенски брод е проблематичен за контролирање и се бара одредена доза на трпеливост и прецизност при транспортирање на бројните предмети.

На располагање ќе имате бројни планети за истражување, бројни способности за отклучување и надградување, како и ветување за симпатична приказна!

CRUX

Иако е последна на листата, Crux е игра која со нетпение ја очекуваме да излезе, особено кога ќе се земе во предвид дека никогаш не ни е доста од арена шутери, метал музика и комплексни roguelite елементи.

Повеќе од јасно е дека Crux е инспирирана од бројните шутери од деведесетите, но играта оди неколку чекори над нив, со тоа што нуди пофлуидна акција во поубава графика и над 100 моќни способности, препознатливи за roguelite игрите.

На располагање ќе имате 13 арени поставени во 5 уникатни светови и бројни демони за брутална елиминација. Играта веќе може да се пофали со демо на Steam!

Ви се допадна некоја од игриве или пак вие би сакале да ни препорачате некоја? Кажете ни во коментарите!

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk