За сите љубители на Escape Room и Escape Games, ви ги препорачувам EXIT: The Game.
Вовед
The Pharaoh’s Tomb започнува со вашата екскурзија во Египет. Во посета на „Долината на кралевите” го пронаоѓате гробот на Тутанкамон и се одвојувате од остатокот од вашата група. Камената врата зад вас се затвора и оттука во паника започнувате со играње на играта.
Ја наоѓате книгата со забелешки од Др.Форд кој исто така се нашол во вашата ситуација со истражувачка мисија и се загубил низ ходниците. Во забелешките има запишано сè што пронашол меѓувремено.
Почнувајќи од гробницата на Тутанкамон, загатките од Клеопатра и Нефертити, низ ходниците на Импотеп ќе имате одлична авантура. Загатките имаат одлично течение и се прилично забавни.
Откако ќе ја отворите кутијата ќе наидете на упатството кое е скоро исто за сите Exit the Game игри. На прва, не ви е дозволено да погледнете одблизу материјалите за играта пред да започнете со играта. Исто така не е дозволено да ги анализирате и отворите картите. Со следење на инструкциите ќе знаете кога да располагате со материјалите.

Материјалите за играта се следните:
- 83 карти
- 22 карти со загатки
- 30 карти со одговори
- 31 карти за помош
- 1 диск за декодирање
- 2 чудни предмети
- 1 книга
Исто така добредојдено е да имате материјали за запишување на белешки, пенкало, молив, гума за бришење и ножици. Може да користите стоперка за времето или да ја инсталирате Kosmos Helper App каде имате и амбиентален саундтрак додека ја играте играте.

Картите се поделени на загатки, одговори и помош. Ако заглавите некаде во текот на играта моше да погледнете во картите за помош кои се асоцирани со одредени знаци и ви даваат хинт 1, хинт 2 и решение.
Чудните предмети од листата се интерактивни, некогаш е потребно да ги составите, комбинирате, да употребите ножици.
Декодер дискот е наменет за навигација низ играта. Со негова помош проверувате дали сте на вистинскиот тек во играта, дали доказите се валидни и дали лозинките кои ги наоѓате во текот на играта се правилните.
Играта е за експерт ниво, интерактивна и доволно забавна да сакате да ја завршите веднаш.
Корисно
Во упатствата понекогаш треба да користите ножици. Ако сакате играта да може да ја играте по втор пат или да ја дадете на друг да ја игра после вас, пробајте да не користите ножици или со пенкало и фломастер да пишувате вирз материјалите од играта. Пробајте да нанесете минимална „штета“. Исто дел од материјалите да ги фотнете и испринтате и да играте со копијата.
Оценка 7/10
Играта може да ја најдете во goblingames.mk