Во надеж дека ќе ги пронајде своите 598 милиони фунти во биткоини инженер понуди да купи депонија

во Вести

Џејмс Хауелс е компјутерски инженер кој би бил милионер – доколку успее да го пронајде својот изгубен хард-диск со биткоини. Тој не знае каде точно се неговите биткоини, но се сомнева дека се закопани во ѓубриштето во Њупорт, Велс. Иако се обидува веќе десет години да го пронајде хард-дискот, досега беше без успех. Неговата најголема пречка е одбивањето на градскиот совет на Њупорт да му дозволи пристап до депонијата.

Вредноста на криптовалутите на дискот е 598 милиони фунти или 718 милиони евра. Тој го загубил хард-дискот во 2013 година. Неговата тогашна партнерка по грешка го фрлила.

Минатиот месец судијата одлучи да му забрани да пребарува по ѓубриштето во потрага по дискот. Градскиот совет на Њупорт го одбил неговото барање да му се овозможи да пребарува по ѓубриштето поради договорот кој градот го има со депонијата, но и поради влијанието кое копањето би го имало на околината. Судот пресуди дека поминало премногу време од губењето на дискот до неговото барање на дозвола за пребарување по ѓубриштето.

 Последната одлука која се однесува на оваа депонија е таа да биде затворена. Ова не е изненадување, депонијата е 80 до 90 отсто полна, па дури и Хауелс очекувал да биде затворена. Ова му дало нова причина за оптимизам на компјутерскиот експерт – наместо „да копа“ по ѓубриштето, да даде понуда и да ја купи депонијата во сегашната состојба. Покрај потенцијалниот диск со стотици милиони фунти, Хауелс би станал сопственик на депонија со 1,4 милиони тони отпад.

„Очекував дека ќе биде затворена во наредните години бидејќи е 80/90% полна – но не очекував нејзино затворање толку брзо. Ако градскиот совет на Њупорт ми дозволи, јас би бил заинтересиран за купување на депонијата „како што е“.  Сум разговарал за оваа можност со инвестициските партнери и тоа е еден од плановите на кои работиме.“, вели Хауелс за BBC.

Планот на Советот на град Њупорт е да ја затвори депонијата и на нејзино место да изгради соларна фарма, пишува Argus.

Една од причините поради која е исплатлив овој план на Хауелс е високата вредност на биткоин. Во моментов цената на 1 биткоин се движи околу 95 000 долари. Вредноста на биткоините на дискот не била занемарлива ниту во 2013 година. Процената е дека тогаш на дискот имало 4 милиони фунти. Хауелс започнал да копа биткоини уште од самите почетоци, но заборавил на дискот.

Поради високата цена на криптовалутите успеал да најде и експерти да му помогнат да го пронајде дискот, но и финансиска поддршка од инвестициски фонд. Денес Хауелс е убеден дека успеал да го лоцира хард-дискот во област со 100 000 тони отпад.

Иако шансите се мали, Хауелс останува оптимист дека ќе успее да ја пронајде својата дигитална ризница која сè уште чека да биде откриена – закопана под слоевите заборавен отпад.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Neskova
Neskova
1 year ago

Mnogu stara vest e ova, najnova e deka nauchnici uspeeja da napravat teleportacija