0 коментари 1 мин. читање

Нова едиција на QA трендови, настан организиран од Women in Tech Macedonia 

На 20ти февруари во Старап клуб Скопје, со почеток од 18 часот започнува QA trends Vol. 2, настан што ќе даде осврт на последните трендови во QA заедницата. Своето  искуство и знаење ќе го споделат професионалци како Влатко Николоски, Димитри  Желков, Ана Саберску и Александар Давидовски.

Под модераторска палка на Ана Палчевска, QA инженер со повеќе од 8 години искуство, ќе можете бесплатно да ги  чуете сите новости во оваа сфера од докажани професионалци и да присуствувате на  панел дискусија што ќе ви даде одговор на главните прашања од последните  трендови.  

„Веруваме и очекуваме дека овој настан ќе собере на едно место интелектуалци и  професионалци од сферата на Quality Assurance. Јас како менаџер за настани и  амбасадор на заедницата верувам дека дополнително ќе не здружи и поврзе со цел на  меѓусебна соработка и размена на знаење и искуства.“ – сподели Ана Палчевска, која  оваа година е организатор и модератор на настанот.  

За повеќе информации заследете не на социјалните мрежи LinkedIn, Facebook,  придружете се на нашата заедница и следете ги новостите околу овој настан овде.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top