Се работи на значителни подобрувања за Men of War II

За Men of War II се очекуваше многу, но чедото на Best Way не успеа на најдобар начин да ги импресионира долго-годишните фанови.

Иако играта се одликува со квалитетна кампања преполна со филмски моменти и богата нарација, како и адреналински битки со најразлични автентични единици, многумина фанови беа разочарани од константната потреба да се биде онлајн, дури и за да се игра соло кампањата.

Најголема причина за негативните рецензии е токму онлајн форсирањето и проблемите кои произлегуваат од тоа, како исфрлање сред игра доколку снемате интернет или не сте активни одреден период.

Трнлив пат

Свесни за ваквото незадоволство кај фановите, Best Way вети дека ќе работи и ќе имплементира можност за исфрлување на константната потреба за онлајн конекција. Во меѓувреме, тие го исфрлија првото поголемо надополнување за играта.

Оваа надополнување ги олеснува до некаде маките на гејмерите така што исправа багови, воведува посоодветно балансирање на тежината и ја подобрува севкупната оптимизација.

Во меѓувреме, тимот објави и детални планови за тоа што би работеле во блиска и подалечна иднина. Се чини дека нивната посвета е искрена и никако не сакаат да кренат раце од насловот. Поради тоа, доколку сакате експлозивни и автентични стратегии каде фокусот не е на градење, туку на имплементирање агресивни тактики од офанзивен и дефанзивен карактер, има што да најдете во играта.

На кратко ја проверивме играта и бевме апсолутно импресионирани од вниманието на детали, како при дизајнирање на мапите, така и при осмислување на уникатните способности на единиците.

Иако не сме преголеми фанови на вакви стратегии, никако не можевме да бидеме рамнодушни на бројните комплексни механики при управување со единиците.

Со оглед на тоа дека девелоперите целосно се водат од повратните информации на фановите, сигурни сме дека во догледно време Men of War II ќе стане достоен продолжеток на оригиналната игра.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Best Way
  • Издава: Fulqrum Publishing
  • Жанр: стратегија
  • Платформа: Microsoft Windows
  • Излезе на: 15 мај 2024

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments