Петтата Far Cry игра се одвива во алтернативно, модерно доба и тоа на американската територија во Хоуп, Монтана. Во играта, народот се држи во психичко заробеништво од страна на религиозен култ кој, во име на повисока сила, зема што сака и како сака.
Трејлерот кој низ многу брканици, експлозии и пресметки суптилно наговестува на модерни и екстремно чувствителни теми
Не се сите кукавици во Far Cry 5 и пилот, свештеник и шанкер можеби звучи како почеток на интересен виц, но оваа трио е презаситено од екстремните култисти и единствено решение на кое гледаат е да се преземат работите во нивни раце.
Мери Меј е со убиен татко и киднапирана мајка и брат, но тоа ја прави далеку од искршена, а онаму каде разумот се дави, молотовите коктели пеат револуционерна песна.
Цероум Џефриес не е вашиот карактеристичен свештеник. Со уништена црква и размавано стадо, Џероум се поставува во незавидна ситуација каде мисијата да стане овчар е надвладеана од потребата да се биде волк.
Ник Реј знае точно за што се бореле неговиот татко и дедо. И знае точно во каков свет сака да се роди неговиот син. Токму поради тоа, одлуката да се наоружа авионот до заби е повеќе од добредојдена.
Мери, Џероум и Ник се само дел од сојузниците кои ќе бидат на ваша страна од 27.февруари 2018 година – датумот за кога е предвидено излегувањето на играта. Како човек кој треба да стави крај на безредието, ќе можете да регрутирате луѓе (Guns), но и животни (Fangs). Згора на ова, целата кампања е со ко-оп поддршка и можете од почеток до крај да ја играте со уште еден пријател. Од бројните возила, очекувајте разноликост која започнува со трактори и оди се до авиони. Се очекува вештачката интелигенција да биде значително попаметна и, за разлика од претходните игри, нема да ви дозволи лесно да се извлечете од константните напади. Од студиото дури и предупредуваат дека „можете да сеете хаос на култот и членовите, но внимавајте на бесот на Џосеф и неговите следбеници“ затоа што ова е „свет кој возвраќа на вашите напади“.
Far Cry 5 се испорачува во три едиции. Првата чини 60 евра и ја содржи само основната игра. Делукс изданието, по цена од 70 евра, се испорачува со Big Game Hunter pack, Ace Pilot pack, Explosive pack, Chaos pack, како и уникатни изгледи за оружјата AR-C и .44 Magnum. Златната едиција чини 90 евра, но освен содржините од делукс ќе ве израдува и со сезонската пропусница која ќе има „дополнителни приказни, содржина и опрема“. Сите кои предвреме ќе ја нарачаат играта го добиваат Doomsday Prepper Pack, пакет од екслузивна облека, оружје, изгледи за возила, како и еднократни пијалоци со привремено дејство.
[…] Cry 5 излегува на 27.март. Во меѓувреме, дознајте сѐ што треба да знаете за Far Cry […]