0 коментари 2 мин. читање 6 јуни, 2017

GrammarPal ја поправа вашата граматика со изненадувачки успех

Јазикот е еден од најголемите богатства, но што доколку не сте сигурни во неговата употреба?
GrammarPal се стреми да ви помогне со корисни исправки и совети секој пат кога ќе се најдете во ситуација да треба да пишете на некого на еден од петнаесетина најчесто користени јазици.

GrammarPal ќе ви помогне во правописот, граматиката и стилот на англискиот, францускиот, германскиот, италијанскиот, рускиот, кинескиот и уште многу други јазици!

Со оглед на органската природа на јазиците, GrammarPal често се случува да ја утне работата при корекција на одредени сленгови или кратенки кои се карактеристични за пишаната форма, но во поголемиот број запазени ситуации, алатката интелигентно ги лови граматичките неправилности и истите ги истакнува со можности за нивна брза корекција.

GrammarPal се интегрира со оперативниот систем и кога ќе пристапите кон каква било апликација за пишување (пораки, word, e-mail), се појавува соодветна икона која, доколку ја кликнете додека сте конектирани на интернет, ќе ви покаже колку грешки имате, а со второто кликнување ќе потенцира и понуди решенија за истите.

Истакнување, односно подвлекувањето со плава боја алудира на грешки во стилот, црвената на правописот, а жолтата на останати граматички неправилности. Преку ваквиот прозорец за исправки имате и опција за копирање на текстот или враќање на претходно користена апликација. Дополнително, GrammarPal ќе ве изненади и со флексибилни можности за имплементирање претходно воспоставени правила, управување со личен речник, бекап или управување со листи со исклучоци.

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top