Романскиот VC фонд Underline Ventures ќе инвестира 20 милиони евра

Avatar img-thumbnail img-circle

во ИТ.ЕУ, Свет

Underline Ventures е романски фонд за ризичен капитал основан од Богдан Јордаче. Фондот дојде до дополнителни 10 милиони евра за инвестиции, и со тоа успешно ги „затворија“ планираните 20 милиони евра.

Богдан Јордаче е познат во ИТ секторот, пред сè во Источна Европа. Најпрепознатлив е по How to Web конференцијата која со години се одржува во Букурешт, Романија.  Работи како инвеститор од 2013 година.

Фондот Underline Ventures го отвори во 2022 година како „Solo GP“ фонд. На основањето, во јули 2022 година Underline Ventures собра 10 милиони евра, а уште тогаш финалниот план беше да дојдат до 20 милиони, пишува Romania Insider. Дел од тимот на Underline Ventures се Влад Јонеску од UIPath – романскиот еднорог, Јулијан Цирцимуару од V7 Capital Managing, како и Јулија Гита од Bookster и Адријана Спулбер од Pago Marketing.

Помеѓу првите инвеститори во Underline Ventures се UiPath, Green Horse Games, Telerik, Elrond, MorphL, Smartbill, CleverTaxi.

Веруваме дека источноевропската технолошка индустрија дојде до критична маса на искусни основачи и оператори од големи компании, кои сега, заедно со многу млади амбициозни основачи, започнуваат или придонесуваат за нови стартапи. Иако нивната експертиза е одлична на оперативната страна, веруваме дека Underline Ventures може да им помогне да го разберат светот на инвестиции и да ги поврзат со светот на капитал, за да можат да градат стартапи со висок раст, не само успешни компании

Фондот веќе инвестира во стартaпи од регионот. Планот е 20 милиони евра да се инвестираат во 20 стартапи во рана фаза, со просечна инвестиција од 500.000  евра. Фокус на фондот се стартапи основани во Источна Европа.

Од основањето на фондот, досега, инвестирале во 7 стартапи од Романија, Хрватска и Србија. Првите инвестиции се во технички стартапи кои работат на вештачка интелигенција, онлајн безбедност, „big data“ и инфраструктура за е-трговија.

„Фокусирани сме на поддршка на исклучителни основачи кои градат решенија за тешки проблеми, а можат да скалираат и глобално. Основачите ни се на прво место, вертикално сме агностични, ама посебно внимание му посветуваме на автоматизирањето на претпријатијата, вештачката интелигенција, сајбер безбедноста, индустриската технологија, одбрана и стартапите поврзани со клима“, вели Јордачеа за Netokracija.

Финансиите се само еден дел од она што Underline Ventures им го нуди на стартапите. Во моментов работат на креирање на платформа која ќе овозможи и споделување на знаење и искуство. Во моментов работат на дополнителни начини со кој ќе можат да помогнат во решавање на дел од најголемите проблеми со кој се соочуваат основачите на стартапи, како регрутирање, маркетинг, продажба, комуникација, финансии, и собирање на средства.

Како помош при решавање на овие проблеми на стартапите ќе им бидат експертите кои се дел од Underline Ventures. Дел од нив се поранешни вработени во Microsoft, UiPath, FintechOS… Како поддршка е и самиот Богдан Јордаче кој ќе помага околу стратегиите за вложување.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments