Српската Тop Eleven стигна до 6 милиони играчи месечно

Top Eleven, играта на белградското студио Nordeus, успеа во текот на август да го зголеми бројот на играчи за дополнителни еден милион. Во минатиот месец играта ја играа шест милиони играчи, а во јули Top Eleven играле 4,8 милиони играчи.

Овој неверојатен успех на Top Eleven, која е и најпопуларна ваква Facebook игра, пред Fifa Superstars, се должи на подобрениот квалитет на играта и новите функционалности, вели директорот за бизнис развој на Nordeus, Никола Чавич за Startit.rs. Новите содржини ја сместиле Top Eleven како една од најдобрите игри кај дури 500.000 корисници. Играта има рејтинг од 4,4 на Facebook app, па г.Чавич го потенцира центарот за апликации како еден од клучевите за популарноста на играта.

„Можноста да се прати поклон на своите пријатели стана доста популарна кај играчите, а дополнително добивме позитивна реакција кај корисниците за новиот интерфејс на новите мобилни клиени и можност за навивање со пријателите за време на натпреварите во живо.“, објаснува г. Чавич.

Иако подобрениот квалитет и Android апликацијата сигурно имаат свој удел во зголемениот интерес за овој фудбалски менаџер, никако не смее да се заборави и дека август е месецот кога започнуваат сите фудбалски првенства, што дополнително допринесува за интересот во фудбалските менаџери и симулации.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk