Rocket League, една од по откачените хибриди кои храбро комбинираат елементи од тркачки игри и фудбал, започна со Halloween настан. Насловен како Haunted Hallows, играчите ја имаат уникатната можност да отвораат кутии со плен со предмети кои се во духот на ваквото празнично расположение. Интересно е тоа што кутиите нема да се отвораа со клучеви купени со вистински пари, туку со таканаречените Decryptors, нешто што го купувате со Candy Corn – новата валута во играта, која се добива со играње и завршување мечови. Со оваа валута можете да купувате и дополнителни кутии со плен или соодветни предмети низ продавницата, а таканаречените декриптори можат да отвораа и Halloween инспирирани кутии и оние нормалните.

До пред настанот, нормалните кутии се отвораа со клучеви кои се продаваа со вистински пари или пак се тргува со нив на пазарот. Самиот Halloween настан завршува на 6.ноември, а сета спечалена валута, Candy Corn, ќе исчезне од акаунтите на играчите недела дена по тоа. Со работите кои ќе ги добиете преку дектрипторот, нема да можете да тргувате на пазарот. Истите се врзани директно за вашиот акаунт. Но ако дадете вистински пари, рестрикциите ќе бидат кренати.
Со ваквиот потег, студиото зад Rocket League по прв пат им овозможува на играчите да отвораат кутии со плен без да трошат вистински пари, што знае да биде исклучително добредојдено, но на краток пат. Кога таквото нешто ќе секне, желните за ваква гратификација ќе мора да чекаат или цела година или да се поздрават со паричниците. Спортски.







