Pixel сè уште е најдобриот Android телефон

Avatar img-thumbnail img-circle

во feature, Вести

Image courtesy of Google / YouTube

Неколку недели по претставувањето се појавија и првите прегледи на новите Pixel телефони од Google. Како и со претходните уреди, и овој пат најголемиот дел од медиумите се воодушевени од новиот телефон. Најголемиот дел од медиумите кои имаа можност да го погледнат телефонот го прогласија или за најдобар Android телефон.

Првите погледи овозможуваат често да добиеме први информации за телефонот кои не може да ги претпоставивме од техничките податоци на претставувањето.

„Всушност Pixel 2 XL е еден од најлесните големи телефони за држење би рака. Екранот и задниот дел се закривуваат што овозможува удобно држење на телефонот. Хибридниот слој на алуминиумот додава текстура која не само што делува издржливо, туку овозможува подобро држење“, вели Guardian.

Pixel 2 доаѓа во две верзии стандардна и XL. Според хардверот речиси и нема разлика помеѓу двата уреди.

Pixel 2 XL доаѓа со 6-инчен pOLED екран со резолуција 2.880х1.440 и батерија од 3520 mAh. Pixel 2 доаѓа со помал 5-инчен AMOLED екран со резолуција 1920 х 1080 и батерија од 2.700 mAh. Хардверски ова е единствената разлика на телефоните.

Pixel 2 и Pixel 2 XL доаѓаат со: Qualcomm Snapdragon 835 процесор;  4GB RAM; 64GB или 128GB диск; задна камера од 12.2MP, 1.4μm pixels, оптичка и електронска стабилизација на слика f/1.8; Предна камера 8MP, f/2.4 aperture lens, фиксен фокус. Задната камера може да снима видео со 1080р квалитет и 20, 60 или 120 fps.

Кога хардверот е во прашање токму камерата ја прави разликата со остатнатите „flagship“ телефони.

„Следните 5 минути сликав речис 500 фотографии, вклучувајќи го тука и континуираното фотографирање на 120 фотографии за 10 секунди.  Снимив неколку видеа, неколку портрети и барем едена слика на која изгледаше дека алигатор ќе проголта цел човек. Камерата крашна еднаш, но се врати набрзина. Сликав многу, всушност сите 500 фотографии беа остри и фокусирани“, вели Дејвид Прис од Wired.

Сепак во недостиг на Nexus серијата, најголемата предност на Pixel е оперативниот систем. Телефонот доаѓа со неизменет Android 8.0 оперативен систем. Најважно, безбедносните пропусти на Android најпрво ги затвора Google, па потоа сите други. Дополнително, Pixel освен со асистенот, доаѓа со низа софтверски функционалности кои во прво време нема да бидат достапни на сите Android уреди.

Додека пасивно го очекува вашето „ОК Google“ телефонот сега е и нешто покорисен. Уредот пасивно ги преслушува и пребарува песните кои се во позадина, па ако ве заинтересира некоја песна можете веднаш да ја проверите. Со оглед на тоа дека функционалноста доаѓа на телефон од Google се чини нормално ова да ви биде помалку морничаво. Сепак компанијата објаснува дека нуту еден аудио фајл не го напушта телефонот и сè се пребарува локално на уредот.

„Кога телефонот ќе идентификува песна, рзулататот се покажува во долниот дел на постојано вклучениот дисплеј. Со двоен-клик ќе добиете повеќе податоци преку Google Assistant“, објаснува Engadget.

Google Lens е другата супер интересна функционалност, за која Google во најавата објасни дека во иднина ќе биде подобра. Функционалноста овозможува преку камерата на уредот да бидат презентирани повеќе податоци директно на екранот. Станува збор за своевиден пребарувач во проширена реалност кој пронаоѓа делови од сликите и врз основа на истите презентира повеќе податоци. Сепак оваа функционалност треба да се доработи, а и интеграцијата со Google Assistant e за во иднина.

„Lens може да препознае уметнички дела –  музика, книги, видеоигри. Lens препознава и обележја (landmark), но сепак може да се збуни кога има повеќе различни уметнички дела, пример, повеќе книги“, пишува Venturebeat.

Pixel на Google е импресивен Android телефон. Компанијата може да го искористи за пред останатите производители да ги презентира можностите на Android доколку ги прилагодат своите уреди. Сепак главното прашање е дали сте подготвени да потрошите 650 или 850 долари на телефон. Цената иако е превисока сепак не се разликува од останатите „flagship“ уреди.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments