Роботот Watson извојува победа над човештвото

Watson може да процесира природен јазик, да враќа информации, да преставува знаење и да резонира, и има технологии за машинско учење кој спаѓаат во полето на open domain одговарање на прашања. Клучниот и најважниот дел од Watson е DeepQA технологијата, која поддржува генерирање на хипотези, масивно собирање на податоци, анализа и изнаоѓање на одговор.

Неговиот хардверски дел е составен од кластер од 90 IBM Power 750 сервери, од кои секој содржи 32 POWER7 процесорски јадра кои работат со 3.55 GHz, 16 Tb RAM и може да процесира 500 гигабајти во секунда.

Jeopardy! е квиз кој е познат по тоа што употребува комплексен јазик, игри на зборови и двосмислен јазик. Watson успешно се снајде во двете рунди и ги победи двајцата човечки натпреварувачи кои биле шампиони на квизот. Парите на крај кои ги заработи Watson отидоа за добротворни цели.

Проблемот за да се направи алгоритам на начинот на кој луѓето размислуваат е голема пречка во полето на вештачката интелегенција. Машините не го разбираат концептот – односно ним им е тешко она што ни е лесно на нас: да знаеме дека лабрадор и самојед се двете кучиња. Watson е голем напредок на тоа поле, посебно со DeepQA технологијата што е многу перспективна и софтвер кој извршува стотици алгоритми истовремено за да може да извлече значење или заклучок, го споредува со огромна количина на релевантни податоци, и на крај решава кое од тие е најверојатно точно.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments