1 коментар 2 мин. читање

Роботот Atlas ќе го замени човештвото, а WildCаt магарињата

Двата роботи кои изгледаат застрашувачки се веќе во поодмината фаза на развој. Станува збор за проектите Atlas и WildCat, финансирани од DARPA.

Atlas е понов проект на хуманоиден робот и во моментов успева да надмине барем еден проблем кој го имаат останатите роботи на две нозе, Atlas има совршено рамнотежа. Не само што балансира по „урнатини“ роботот може да издржи удар стоејќи на една нога. Atlas е креиран од Boston Dynamics, а кога ќе биде целосно завршен ќе треба да ги замени тимовите за брза интервенција при катастрофи и непогоди.

„Без разлика како ќе заврши, Atlas е без сомневање голем чекор напред во развој и рафинирање на модерната роботика. Кој знае можеби нашиот претпазлив оптимизам, не е незаслужен и всушност гледаме во прадедото на киборзите на кои сите се надеваме.“

[youtube]SD6Okylclb8[/youtube]

WildCat е речиси готова модификација на Cheetah. За разлика од оригиналната верзија WildCat е побавен, но и далеку поиздржлив, со оглед на тоа дека е направен како спој на Alpha Dog и Cheetah се претпоставува дека ќе биде имилено милениче на војската на САД. WildCat можеби ќе трeба да носи товар наместо војниците, но тешко дека некој може да го замисли без интегрирано вооружување.

[youtube]wE3fmFTtP9g[/youtube]

Заедно со Atlas и WildCat презентиран е и напредокот на LS3, роботот „магаренце“ кој може да носи товар од околу 200kg, 32 километри следеќи го својот водич.

[youtube]LJZQ3n-iQYE[/youtube]

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

Нема коментари. Отвори форумска тема и започни ја дискусијата.

Најави се и отвори тема

Напишаното ќе остане зачувано во овој прелистувач.

1 постар WordPress коментар
Мени
Заедница
Изглед
To top