0 коментари 1 мин. читање

Само Google и Motorola не ги лажирале бенчмарк тестовите за Android

Не само Samsung, туку најголем број на производителите на Android паметни телефони ги лажираат бенчмарк тестовите. Констатацијата доаѓа по исцрпното и ригорозно истражувањето кое го направи Anandtech, а испитуваа поголем број на телефони и таблет компјутери.

Во листата на „измамници“ сe и компаниите кои ги произведуваат најдобрите телефони. HTC One, LG G2, Nexus, Samsung Galaxy S4, Samsung Galaxy Tab 3 10.1 се дел од испитуваните уреди, а единствени кој го поминале тестот сe Мото, Google Nexus и рачната конзола nVidia Shield.

Најголем дел од уредите познаваат помал број на бенчмарк тестови, откако ќе се детектира старт на бенчмарк апликација уредите го вклучуваат „high-speed“-модот. Во овој случај телефонот пребрзо ја троши батеријата, а проблем е и загревањето, заради ова, резултатите на бенчмарк тестовите не одговараат на реалноста. Според резултатите од испитувањата најдобар во лажирањето на резулатите е јужнокорејскиот гигант. Уредите од Samsung ги препознаваат речиси сите бенчмарк тестови, 3DM, AnTuTu, AndEBench, Basemark X, Geekbench 3, GFXB 2.7 и Vellamo.

„Galaxy Note 3 ја максимизира фреквенцијата на CPU/GPU процесорот кога на него се стартувани апликации кој го оптоварува уредот. Ова не е обид да се лажираат бенчмарк резултатите“, вели Samsung за CNET.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

Нема коментари. Отвори форумска тема и започни ја дискусијата.

Најави се и отвори тема

Напишаното ќе остане зачувано во овој прелистувач.

Мени
Заедница
Изглед
To top