{mosimage}Ibn Sina роботот доби свој Facebook профил. Неговите креатори велат дека луѓето и роботите се оделени и дека треба да споделат заедничко искуство. Главен проблем за креаторите на роботите е што тие додека прават роботи за комуникација со луѓето, луѓето се помалку им обрнуваат внимание и се заинтересирани за нив.
Др. Николас Мавридис, заедно со своите колеги од Interactive Robots and Media Lab (IRML) од универзитетот на Обединети Арапски Емирати, верува дека со друштвените мрежи роботите ќе можат да одржуваат значајни врски со луѓето.
Ibn Sina има три софтверски модули што му овозможуваат на роботот да ги разликува лицата од сликите кои луѓето ги постираат на интернет. Еден модул е за да може да разговара во реално време и да одржува каталог на пријатели, со што ќе може да си го одржува својот Facebook профил.
„Роботот ќе си направи свој личен профил. Откако ќе се сретне со луѓе, ќе ги искористи основните кориснички податоци за разговор, како година, име, земја, професија.“ пишува на сајтот на IRML.






