{mosimage}(04.11.2008) Во Франција деновиве ќе се воведе агресивен закон против пиратеријата. Откако францускиот сенат го изгласа законот со огромно мнозинство, 297 за, 15 против, сега останува само на Националното француско собрание да го каже финалниот збор. За овој закон се зборува од уште од ноември 2007 година кога францускиот претседател Nicolas Sarkozy го нарече „одлучен момент за иднината на цивилизираниот интернет“.
Законот од трите чекори е неверојатно агресивен кон пиратите. Секој кој
нелегално симнува или праќа музика, филм, софтвер или било каков фајл кој нарушува авторски права ќе добие две предупредувања преку е-маил по што следува исклучување од интернетот.
Истотака со законот се планира провајдерите да ги „гледаат од блиску“ корисниците со цел да не се прави нелегален трансфер на фајлови, што директно ги нарушува правата за приватност.
{mosimage}
Аргумент против овој закон е дека „интернетот е секојдневно добро“ па наместо исклучување да има парична казна. Со ова се согласува и Европската Комисија која е најголемиот противник на овој закон од три чекори. Европската Комисија го оценува исклучувањето на интернетот како прекршување на „цивилните слободи и човечки права“.
Во април оваа година во Европскиот парламент се гласаше против исклучувањето, а беше поддржан амандман во кој пишува „… интернетот е широка платформа за културно изразување, пристап до знаење, и демократска партиципација во Европската креативност, зближувајќи ги генерациите преку информатичкото општество“.
Сепак мора да се напомене дека гласањето во случајот на Европскиот парламент беше тесно, разликата беше само 17 гласа. 314 од европските парламентарци гласаа за овој амандман против исклучувањето наспроти 297.
Надополнето 12.03.2009 (06:20):
Законот "Création et Internet" или „Творењето и интернетот“, истотака познат и како HADOPI, ќе се најде пред францускиот парламент и со тоа само еден чекор до воведување на трите опомени со кои можете да бидете исклучени од интернет. Законот предвидува корисникот доколку симнува нелегална содржина да добие првин е-маил со предупредување, втор пат ќе добие регистрирано писмо, и третиот пат ќе биде исклучен на 3 месеци до една година. Законот бара од граѓаните да имаат инсталирано одреден софтвер на своите домашни компјутери и да си ги обезбедат мрежите. Ако преку нечија Wi-Fi мрежа (безжичен интернет) се врши трансфер на нелегална содржина, кривицата ќе падне на власникот на Wi-Fi мрежата.
Иако Франција вели дека кога ќе го воведе овој закон ќе биде 4-та земја во светот која ги исклучува корисниците, покрај САД, Ирска и Италија, сепак ова е преседан поради строгоста на законот.
Но французите ќе добијат нешто за возврат, ДВД-ијата со филмовите ќе бидат објавувани порано, откако ќе биде официјалната премиера на истите. Одобрение за законот го даде и IFPI, глобалните преставници на музичката индустрија, кои моментално се судат со The Pirate Bay.
„Ова навраќање на централизирана, државно-контролирана мрежа е страшно како и неприменливо. Сепак, ова е симболика на како владата работи со истото незнаење и архаизам како и забавната индустрија што промовира „постепеното предупредување" [се мисли на трите чекори]. Тие, како и овој закон, се осудени на пропаст“ вели Џереми Зимерма од La Quadrature du Net, лоби група која работи за отворен интернет.
Важноста на овој закон е не само што франзуците ќе бидат „цензурирани“, туку може да предизвика истиот да се воведе во други земји кои, поради
самата неможност да најдат ефикасни начини против пиратеријата и кои се притиснати од музичката/филмската индустрија, можат да се решат за наједноставното решение – извлечете го кабелот. Колку за потсетување и Европскиот парламент е против овој закон, но тоа не ја спречи Франција да дојде до чекор за воведување на "Création et Internet."
Надополнето 10.04.2009:
Сосем неочекувано, кога воведување на контроверзниот
закон со кој корисниците-пирати ќе се исклучат од интернет беше во фаза на „само што не е одобрен“ и се најде пред францускиот Сенат, „Création et Internet“ беше одбиен од Сенатот.
Законот од 3 чекори опфаќаше секој корисник кој ќе симнува/закачува пиратска содржина да биде официјално предупреден два пати, а третиот пат кога ќе биде фатен да биде исклучен од интернет. „Création et Internet“ значеше дека на властите ќе им беше овозможено да ги набљудуваат корисниците.
Законот стана интересен и за американскиот филмски режисер Стивен Содерберг кој бараше од американските власти да го следат примерот на французите за воведување на овој закон кој беше поддржан од претседателот Саркози, а одбиен од Европскиот парламент како „закон кој ја нарушува приватноста“.
„Алелуја! Ова е парламентарно чудо!“ извикна францускиот социјалист Кристиан Паул кога „Création et Internet“ беше одбиен.
Надополнето 29.04.2009:
„Интернетот не може да биде над законот“ со овие зборови француската министерка за култура Кристин Албанел го најави враќањето на Законот од 3 чекори, со кој може да се исклучуваат корисните од интернет доколку се вмешани во пиратеријата.
Претходното одбивање на законот најверојатно се должи на малиот бројот на владините парламентарци кои биле присутни на таа седница, па бројките излегле против законот.
Филмската и музичката индустрија со петиција и 10.000 потписи побараа законот да се појави повторно во парламентот и најверојатно мнозинската влада на еден од главните иницијатори за законот, францускиот претседател Саркози, во вториот обид ќе го изгласаат „Création et Interneт“ што ќе значи дека по 2 предупредувања на корисникот, третиот пат ќе биде исклучен од интернет.
Надополнето 07.05.2009:
{mosimage}Сагата за „Création et Internet“ продолжува. Подолго време Европската унија се обидува да донесе соодветен пакет телекомуникациски реформи, со кои ќе се подобри бизнис климата меѓу телеком компаниите од разни земји, но и со кои ќе се осигураат основните права на корисниците.
407 парламентарци гласаа ЗА, само 57 против, за амандман за основните права на интернет корисниците. Со тој амандман, сега е нелегално да се исклучуваат интернет корисниците без одлука од европските судови.
Француската влада на чело со претседателот Саркози, со „Création et Internet“ законот од 3 чекори, сакаше да направи владино тело HADOPI кое ќе го „надгледува“ интернетот и ќе води сметка за тоа кој да биде исклучен.
Приказната околу овој закон сепак не е завршена. Во моментот се водат преговори за новите ЕУ реформи за телекомуникација. Подолго време државите, телеком компаниите и Европската комисија разговараат за поставување на основите и соодветни реформи. До сега тие реформи наидоа на проблеми и несогласување околу прашањата за пиратеријата и онлајн приватноста. И тогаш Франција се противеше на тие телекомуникациски реформи, главно поради нивните обиди да се воведе „Création et Internet“. ЕУ заедно со Франција најдоа компромис, законот од 3 чекори веќе не беше толку строг.
Меѓутоа со овој нов амандман за основните права на корисниците, реформите за телекомуникација ќе треба да почекаат.






