Холивудскиот актер и познат комичар Робин Вилијамс во шоуто на Елен Деџенерес се пошегува на сметка на Siri, апликацијата која беше промовирана со новиот iPhone 4S.
Вилијамс, кој е добро познат шегобиец, го сподели своето искуство со Siri додека бил во Франција. Личниот асистент Siri не успеал да пронајде француски ресторани, по што Робин вели дека Apple треба да направат Siri да има француски акцент.







