0 коментари 2 мин. читање 1 декември, 2011

Читајте на раат со Evernote Clearly

Читањето на содржини онлајн понекогаш е вистински предизвик земајќи  во предвид дека околу содржината во многу случаи се наоѓаат анимирани банери, линкови и други работи кои го одземаат вашето внимание.

Evernote, компанијата која е позната по својот софтвер за организација на содржини, забелешки и линкови, се чини дека го пронајде решението на овој проблем преку новата алатка Evernote Clearly.

Clearly ви овозможува со еден клик да се ослободите од сите објекти околу содржината и да го прочитате постот или написот на раат.

Evernote Clearly работи на тој начин што ви прикажува алтернативен приказ на страната отстранувајќи ја навигацијата, банерите и линковите. Кога ќе завршите со читањето, само треба да кликнете на стрелката за назад и да продолжите со нормалното пребарување на сајтот.

За подобро корисничко искуство, Clearly ви овозможува да си одберете тема за читање која ви одговара на вас…

Алатката е достапна засега само како екстензија на Chrome, но знаејќи ги Evernote, може да кажеме дека набрзо ќе биде достапна и за останатите прелистувачи.

Avatar photo
Напишано од

Дамјан Дано

Дамјан е иницијатор и еден од ко-основачите на IT.mk, а исто така и основач на ИТ компанијата IWM Network и на Aqtos, бизнис оперативен систем за компании. Има повеќе од 20 години искуство во развој на дигитални производи, дигитална трансформација, веб-развој, UX/UI, SEO, брендирање и е-трговија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top