2 коментари 1 мин. читање

Robin е говорен Android асистент за возење

Сите знаете за Siri, но дали сте слушнале за гласовниот асистент Robin? Станува збор за Android апликација која претставува мешавина од Siri и Waze, и е дизајнирана да ја користат возачите додека се во својот автомобил. На Robin можете да го прашате за како да стигнете до одредена локација, да пронајдете паркинг, избегнете гужва во сообраќајот, цена на бензинот, какво е времето и слично.

Можеби Robin не се снаоѓа најдобро на нашите простори поради недостаток на информации (го користи Yelp), но одлично си ја врши функцијта за навигација. Исто така, апликацијата ги учи вашите навики и го следи вашето движење со цел да ви понуди подобри информации.

Аликацијата може да се постави да го вклучува микрофонот со мафтање на раката пред екранот. А исто така, покрај наведените работи, Robin може да ги чита вашите твитови, да ве потсети на вашите задачи и обврски што треба да ги направите, како и да побарате да ви каже нешто интересно, пример, некоја шега.

Апликацијата можете да ја преземете од Google Play маркетот, а подолу е прикажано видео како Robin се снаоѓа низ улиците на Сан Франциско.

[youtube]Jyq-J85vSIQ[/youtube]

Напишано од

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Коментари

2 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top