0 коментари 2 мин. читање 10 август, 2012

Anonymous го одмаздува Demonoid со DDoS напади врз украински сајтови

Хактивистите Anonymous ги нападнаа страните на властите во Украина како одмазда за  гасењето на популарниот торент сајт Demonoid. Нападнати се страните на Украинската Анти-пиратска асоцијација, Агенцијата за aвторски и сродни Права, како и страните на Националната телевизија и украинскиот Совет за Радиодифузија. Нападите на страните ги потврди и Киев, а како и досега „оружјето“ кое го користат Anonymous се DDoS напади.

[youtube]f0mgeG4hh7A[/youtube]

Иако операцијата OpDemonoid започнува со напади на сајтови главната цел на оваа операција сепак ќе биде далеку поблагодарна. Според страната AnonPr, операцијата е поделена на два дела:

  1. Враќање на Demonoid со сите расположиви средства, а доколку е можно, Aактивирање на повеќе мирор сајтови кои ќе бидат одржувани од сите членови на Anonymous, во суштина „open source“ Demonoid.
  2. Напади против одговорните за затворање на страната.

„За нашата работа ќе биде потребно време и трпение, но кога ќе заврши успешно, Demonoid ќе заживее повторно.“, завршува соопштението на Anonymous.

Гасењето на Demonoid е по долгогодишно барање на aмериканските власти, кои инсистираат дека сајтот е еден од најпосетуваните на кои се дели пиратска содржина.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top