Rimac го претстави проектот роботакси Verne

Avatar img-thumbnail img-circle

во Свет

Rimac во последниве години направи револуција во автомобилската индустрија. Компанијата основана од хрватскиот претприемач Mate Rimac во гаража, за многу брзо време се искачи на светскиот врв. Денес, многу етаблирани производители на автомобили бараат експертиза од Rimac за развој на сопствените електрични автомобили.

Покрај електричните суперавтомобили, сега Rimac го претстави и својот нов проект – роботакси Verne.

Што е Verne?

Verne е целосно автономно такси, а со него исклучиво управува софтвер.

Возилото нема ниту волан, ниту педали за возење. Дизајнирано е како двосед, а поради тоа што нема седиште за возачот, изгледа доста поразлично од останатите автомобили кои што ги користиме секојдневно.

Photo credits: Verne

Внатрешноста на возилото можеби повеќе изгледа на модерна дневна соба, одколку на автомобил. Поради тоа што нема волан во возилото, екранот од 43 инчи го исполнува најголемиот дел од внатрешноста на возилото. Екранот служи за информирање и забава на патниците во текот на патувањето. Покрај големиот екран, возилото има и 17 звучници кои ќе им бидат на располагање на патниците.

Photo credits: Verne

Израелската компанија Mobileye која работи на решенија за автономно возење е партнер на Rimac во делот на системот за автономно возење.

Овој систем има функционалност да овозможува автономно возење на повеќе локации, во различни временски услови и на различни типови патишта, земајќи ги во предвид локалните сообраќајни проблеми. Системот располага со бројни камери, радари и други најразлични сензори за возење.

Во склоп на проектот, покрај автомобилот Verne, беа презентирани и мобилната апликација за нарачка на возење, како и менаџерски сервисен центар наречен ,,Mothership”.

Mothership претставува централно место во градот, каде што ќе биде стациониран возниот парк и ќе се оперативно ќе се извршува такси услугата. Во секој град каде што ќе биде имплементиран овој проект, потребно ќе биде да има вакво место.

Photo credits: Verne

Verne ќе почне да оперира во 2026 година!

Компанијата има амбициозен план, односно, тие очекуваат е оваа услуга да биде достапна во Загреб во 2026 година. По Загреб, првично е планирано услугата да биде достапна и во други европски градови.

Компанијата веќе има потпишано договори со 11 градови во ЕУ, Велика Британија и Блискиот Исток, а преговара и со повеќе од 30 градови низ светот кои сакаат да станат партнери на Verne.

Photo credits: Verne

Во оваа насока треба да се напомене дека има и правни предизвици за имплементација на еден ваков проект кој има за цел драстично да ја промени такси индустријата.

Кога се работи на револуција на одредена услуга, контровезните коментари се секогаш присутни и во голем број. Па така, на социјалните мрежи веќе на големо се коментира и дискутира за добрите и лоши страни на овој проект.

Photo credits: Verne

Останува да видиме дали ова Verne роботакси ќе успее да направи револуција во такси индустријата во 2026 година.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments