Exo One и Primal Survivors излегоа за конзоли

Многу квалитетни PC игри често излегуваат и за конзолите, со цел да ја пружат уникатната забава на што е можно повеќе гејмери. Доколку барате невообичаенаа sci-fi игра или пак roguelite акција, тогаш би можеле да го зграпчите контролерот и да ги проверите викендов Exo One или пак Primal Survivors.

Exo One

Exo One е игра која ги има импресиониранo PC гејмерите уште од 2021 година, но дури сега играта конечно излегува и за конзолата на Sony. Се работи за една од најневообичаените вселенски игри кои имаме играно. Преку уникатни механики за летање, ќе истражувате најразлични планети со вонземно летало и ќе пркосите на гравитацијата, просторот и времето!

Walking Simulator, но со летање

Exo One е одлична игра на PC, но посупериорната верзија е штотуку излезената за на PS5. Благодарение на богатите можности кои произлегуваат од DualSense контролерот, управувањето е значително пореалистично и одлично се симулираат бројните вибрации при движење низ планетите. На овој начин, добивате поимерзивно искуство за време на вашето патување низ просторот и времето.

Зголемена имерзија преку Haptic Feedback можностите на DualSense контролерот

Exo One е игра во која гравитацијата и моментумот за да развиете огромни брзини и да достигнете импресивни височини. Вашето „летало“ кое е всушност прилагодлива сфера, користи најразлични начини за да достигне запрепастувачко голема брзина и висина.

Откако ќе откриете како точно функционира патувањето, движењето добива форма на зен сесија преку која станувате едно со просторот, сведувајќи го целото искуство на флуидно лебдење од една до друга точка.

Секоја од огромните планети е уникатно дизајнирана и, благодарение на ефикасните механики на движење, целото искуство добива надреален аспект ретко виден во некоја друга игра.

Играта воошто не е долга и ќе ја завршите за два-до-три часа

Иако немавме можност да ја провериме PC верзијата, апсолутно уживавме во PS5 верзијата и, претпоставуваме дека имерзијата е значително пониска без предностите кои произлегуваат од DualSense контролерот. Поради тоа, доколку и вие не сте ја провериле Exo One, играта е достапна од денес и за конзолата на Sony.

Една од визуелно-најимпресивните планети

Повеќе детали за играта

Primal Survivors

Primal Survivors е мала симпатична roguelite игра која привлекува позитивно внимание на Steam уште од мај 2023 година. Со излегување од раниот пристап на Steam, играта на Old School Vibes и Gray Boss излезе на 20 јуни и на Microsoft Store, како и на сите конзоли. Но, дали да ја играте?

Исконско преживување

Како што напоменавме, Primal Survivors е мала игра предвидена за уживање во мали временски дози. Управувајќи со ликови кои припаѓаат на 12 класи, ќе се движите низ визуелно неимпресивна мапа и ќе уништувате најразлични чудовишта користејќи 12 оружја. Секое од оружјата се одликува со уникатни напади и моќи.

Благодарение на уникатен систем со карти, Primal Survivors се одликува со 50 множества од вештини кои можете да ги користите низ 2 или 10 минутни ранови. Покрај стандардните непријатели, ќе се соочите и со 3 уникатни босови, а и ќе отклучите 25 надградби од траен карактер.

Доколку сакате да посветите десетина минути дневно на откачени, но невпечатливи пресметки, тогаш би можеле да ја проверите играта; моментно ја има буквално на која било платформа, а и не е многу скапа (5 евра).

Повеќе детали за играта

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk