Research in Motion најaви дека претплатниците кои четири дена немаа пристап до BlackBerry сервисите ќе добијат бесплатен пристап до премиум платени апликации од вкупен износ од 100 долари и еден месец бесплатна техничка поддршка за своите бизнис корисници, зависно од достапноста на понудата, видот на уредот, пристап до BlackBerry App World и локалните услови и рестрикции.
Компензацијата со апликации oд BlackBerry App World ќе бидат достапни за корисниците од 19 oктомври и ќе трае до 31 декември.
Апликациите кои ќе бидат достапни се:
- SIMS 3 – Electronic Arts
- Bejeweled – Electronic Arts
- N.O.V.A. – Gameloft
- Texas Hold’em Poker 2 – Gameloft
- Bubble Bash 2 – Gameloft
- Photo Editor Ultimate – Ice Cold Apps
- DriveSafe.ly Pro – iSpeech.org
- iSpeech Translator Pro – iSpeech.org
- Drive Safe.ly Enterprise – iSpeech.org
- Nobex Radio™ Premium – Nobex
- Shazam Encore – Shazam
- Vlingo Plus: Virtual Assistant – Vlingo
„Благодарни сме им на нашите лојални BlackBerry корисници за нивното трпение. Се извинивме на нашите корисници и ќе работи неуморно да ја повратиме нивната доверба. Преземаме итни и агресивни чекори да се осигураме дека нешто вакво нема да се случи повторно.“, вели директорот на RIM, Мајк Лазаридис кој претходно преку видео се извини на корисниците.