Facebook апликациите сега добија полесна мобилна интеграција

Facebook најави дека ќе им овозможи на девелоперите полесна интеграција на нивните  апликации во Facebook верзијата за паметни телефони или таблет компјутери. Целта на Facebook е да им овозможи на програмерите кои имаат мобилна верзија од нивната Facebook апликација далеку поедноставен начин да ја интегрираат во мобилната верзија на Facebook. Со ова подобрување, доколку некој корисник испрати покана за играње игра на Facebook, друг корисник ќе може да одговори на оваа покана користејќи го неговиот мобилен и на него да ја игра играта.

Исто така корисниците ќе имаат директна интеракција со апликацијата преку својот фид за вести од мобилен телефон, бидејќи ќе се поврзани со соодветната верзија на апликацијата. Овозможено е и одобрување преку мобилен на апликацијата за до кои податоци да има пристап, доколку истата апликација не е одобрена претходно.

Facebook програмери кои веќе имаат iOS апликации ќе можат да интегрираат Facebook Sign-On за да ги поврзат со Facebook. Веб апликациите исто така ќе можат и да примаат Facebook кредити. Со ова подобрување, Facebook покажува дека планира да стане главен дел и од брзо растечкиот пазар кој се врти околу паметните телефони.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
^^GoRiLLaZ^^
^^GoRiLLaZ^^
10 years ago

А за Windows Mobile 6.5 шо прајме?