0 коментари 2 мин. читање 25 јуни, 2012

Google ќе претстави IaaS oблак решение на I/O?

По Microsoft, сега и Google се потготвува да излезе со конкурент на Amazon и нивниот облак Elastic Compute Cloud  – EC2. Официјалната најава се очекува на конференцијата Google I/O кој започнува за два дена, на 27 јуни. И покрај тоа што се шпекулира околу конкурентноста на новиот Google со ЕС2, засега од компанијата не ја потврдиле веста дека Google ќе нуди виртуелни сервери до крајот на 2012.

Ова нема да биде прв сервис во облакот кој го нуди Google бидејќи веќе нудат вакви услуги за апликации, пример Google Apps. Но, изнајмувањето на виртуелни сервери носи многу повеќе пари, и се очекува овој нов сервис да ги поврзе досегашните сервиси кои ги има Google, енџинот за апликации и складирањето во облакот.

За разлика од Аmazon кој ги таргетира сите, целна група на Google ќе бидат програмерите и дизајнерите кој, интересно, работат на Microsoft платформи, тврди GigaOM повикувајќи се на извори блиски до Google.

 „За да ги привлече програмерите на бизнис решенија, компанијата ќе се фокусира главно да го олесни пишувањето, активирањето и менаџирањето на апликации на своите платформи.”

Ќе биде интересно да видиме како двете компании ќе нaстапат со понудата на IaaS (Infrastrructure as a service), со оглед на тоа дека до сега беа концентрирани на PaaS (Platform as a service).

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top