Ричард Метју Сталман, основачот на движењето на слободен софтвер и борец за слобода на корисниците, даде свое мислење за доаѓањето на Steam на GNU/Linux дистрибуциите. Покрај тоа што Steam ќе го популаризира GNU/Linux, г. Сталман вели и дека Steam ќе им даде слобода на корисниците.
„Претпоставувам дека достапноста на популарните неслободни програми на GNU/Linux може да ја зголемат примената на овој систем. Како и да е, нашата цел оди подалеку од правењето на овој систем да биде успешен – негова цел е да им даде слобода на корисниците. Според тоа, прашањето е како овој развој ќе влијае на корисничката слобода.“
Нема сомнение зошто г. Сталман е критички настроен спрема неслободниот софтвер, без разлика дали се работи за оперативен систем како Windows или игри.
„Неслободните игри (како и останатиот неслободен софтвер) се неетички бидејќи не му дозволуваат слобода на корисникот. (За игрите е различно, бидејќи тие не се софтвер)“, вели г. Сталман.
Но, сепак тој има една забелешка. „Доколку ги играте овие игри, подобро да ги играте на GNU/Linux, отколку на Windows. Ако не друго, барем ја избегнувате штетата врз вашата слобода што ќе ја предизвика Windows.“
Коментари
4 коментари
Коментарите се затворени.