Е-автобуска.мк е новиот сајт, најавен во почетокот на годината, кој овозможува пребарување по меѓуградски и меѓународни автобуски линии и онлајн купување на автобуски билети. Идејата зад сервисот, креиран од здружението на превозници Исток и Министерството за транспорт и врски, е да понуди можност на купување на билет од дома и потоа уживање во патувањето, успешно копирајќи ја светската пракса.
„Како што автобуските станици стануваат технички спремни за приклучување во системот, така постепено се овозможува продажба на билети и од дадената автобуска станица. Земени се во предвид сите населени места и сите попатни страници, при што патниците можат да патуваат до посакуваната дестинација.“
Освен проверката на возниот ред, сајтот овозможува и купување на онлајн билети. Најпрво се одбира меѓуградски или меѓународен превоз, потоа се одбира повратен или билет во еден правец, место на поаѓање и дестинација, и од понудените опции ја одбира посакуваанта опција во зависнот од период и превозникот. Сервисот дури нуди и можност за избор на седиште во автобусот. Се внесуваат податоците за патникот како и имејлот на кој ќе
биде испратен дигиталниот автобускиот билет. Билетот е подготвен за принтање или може да биде зачува во PDF формат.
На прв поглед, сајтот е пријатно изненадување и изгледа дека е одличен начин да се олесни купувањето на автобуски билети и непотребното излегување. Сајтот е за поздравување, а нешто што би сакале да видиме во иднина иако можеби и е прерано се NFC билети.

Коментари
6 коментари
Коментарите се затворени.